Единствена константа е промената!
Доволно сме искусни за да знаеме дека светот се менува од ден на ден и прашање на време е кога околината на која таман сме се навикнале ќе доживее некаква дистрапција, некакво размрдување со нешто ново и се што сме знаеле дотогаш ќе биде посматрано од некоја друга призма.
Ова особено важи за дигиталниот свет. Таму “размрдувањата” се особено изразени и промените од развојот на технологијата се чуствуваат многу посилно и би рекол “пострашно”.
Тука често си го поставуваме прашањето: Како ќе се променат дигиталните медиуми во наредните години?
Според новиот извештај од агенцијата Вебер Шендвик (Weber Shandwick), новата технологија ќе биде уште повлијателна од раните денови на Интернетот. Мобилноста со 5G и зголемената употреба и ефективноста на вештачката интелигенција ќе имаат големо влијание врз начинот на консумирање на дигиталните медиуми.
Импактот на вештачката интелигенција и машинското учење низ различните индустрии е со огромен потенцијал. Вештачката интелигенција се очекува да испорача огромна количина на создавање вредност, со најголеми можности во малопродажбата, е-трговијата и управување со логистика / снабдувачки синџири.
Глобалниот институт Мекинзи проценува дека приближна вредност од 1,4 – 2,6 трилиони долари ќе се “отклучат” во маркетингот и продажбата преку користење на AI во различни форми.
Работите што ќе бидат овозможени со вештачка интелигенција вклучуваат:
- Виртуелни и говорни асистенти
- Предвидливи препораки за пребарување и содржина
- Вештачки слики и видеа
- Автоматски одговори, препознавање глас и превод на јазик
Како што се наведува во извештајот, импактот е веќе забележителен во неколку области и може да се означи како позитвен и негативен:
Во однос на тоа како брендовите ги чуствуваат промените од AI и како вештачката интелигенција влијае врз модерниот комуникатор, вредни за издвојување се следниве промени кои се случуваат пред нашите очи:
Целиот извештај може да се прегледа на ОВОЈ ЛИНК.