“Heidi & The City” е темата на првата заедничка колекција на Хајди Клум и Лидл. Почетокот на оваа глобална соработка ќе биде обележан на 7 септември 2017 година за време на New York Fashion Week. За Хајди Клум и Лидл тоа ќе биде свечено претставување на колекцијата на меѓународен моден настан, додека официјалниот почеток на продажбата на колекцијата “Esmara by Heidi Klum” ќе започне на 18 септември 2017 година.
Хајди Клум и Лидл на 7 септември во Њујорк ќе ја откријат тајната на #LETSWOW кампањата започната на почетокот на август во 28 земји. Со свечена премиера во Њујорк ќе биде претставена соработката на нивната прва заедничка колекција. На почетокот на New York Fashion Week за прв пат ќе бидат претставени сите делови од колекцијата достапни на меѓународно ниво.
“Лидл досега не се поврзуваше со мода. Тоа сакаме да го промениме со помош на Хајди Клум како креативен извор на инспирација и успешна дизајнерка. #LETSWOW е синоним за забава во модата и дава изненадувања- како и Лидл во светот на модата”, вели претседателот на Управата на Лидл Хрватска, Борис Лозиќ.
Њујорк е метропола во која се раѓаат и живеат трендовите и е повеќе од само место на одржување на манифестацијата. За колекцијата “Esmara by Heidi Klum: Heidi & The City”, германската модна икона нашла инспирација во својот омилен град.
Резултатот е и тоа како одушевувачки. Разиграна како Њујорк и со богата изразеност како Хајди Клум, оваа колекција нуди урбани трендови со “wow” ефекти: јакни со леопард принт и симпатични блузи, бомбер јакни и супер тесни фармерки, нежна чипка и кожа за рокерски изглед во плава и коњак боја. Секое парче облека се карактеризира со добар квалитет и цени кои се типични за Лидл.
“Сакав да креирам мода со wow ефект која е едноставно да се комбинира и на секоја жена изгледа одлично, а сето тоа по најдобра цена”, вели Хајди Клум.
Оваа колекција на меѓународно ниво ќе се продава во вкупно 28 држави – во повеќе од 10.000 Лидл маркети.