Home » Во фокусот » Бесплатни хамбургери за жените возачи во Саудиска Арабија

Бесплатни хамбургери за жените возачи во Саудиска Арабија

Откаако Саудиска Арабија им дозволи на жените легално да возат во оваа земја, автомобилските брендови како Ауди, Нисан и Форд креираа кампањи за да го поддржат тоа. Но, ретко кој очекуваше по повод овој историски момент, со кампањи да се вклучат и синџири ресторани за брза храна, како што е Бургер Кинг.

Во рамките на кампањата на Бургер Кинг наречена WhoppHer, сите жени возачи кои доаѓаат во нивните ресторани добиваат бесплатни хамбургери.

Кампањата ќе трае од 24 јуни до 24 јули, а бесплатните хабругери се во посебна амбалажа на која пишува WhoppHer во склад со името на самата компанија. Идејата дојде од Германија, поточно од компанијата Grabarz and Partners, која стои зад неколку кампањи на Бургер Кинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365