Маркетинг тимот на пиварата Molson Canadian, пред прославата на националниот празник, смислиле трик со кој ќе ги наведат Канаѓаните да ја отпејат химната точно и без грешка.
Тимот направил неколку измени на познатиот ладилник за пиво, кој прв пат се појавил на Зимските олимписки игри во Сочи, кошто можел да го отвори само некој со канадски пасош.
Сега ладилникот се отвора на оној кој точно и без грешка ќе ја отпее националната химна „O Canada“.
Во случај на грешка во интонацијата или во зборовите, фрижидерот испушта звук на негодување.
Погледнете: