Google преку својот пребарувач Chrome сака да го подобри интернетот, а истовремено и да им помогне на огласувачите да дојдат до целната публика, па превзема важни чекори во таа насока
Долго време, Google се обидува да ја “поправи мрежата” преку својот прелистувач Chrome и да ја исчисти од нападни реклами кои го намалуваат квалитетот на корисничкото искуство. Непостоењето на реклами кои го попречуваат нормалното читање и гледање на содржината, веројатно ќе ја намали потребата за агресивните adblocker-и, а со тоа ќе бидат задоволни и огласувачите и корисниците. Со ваквите идеи, Google започна постепено да воведува блокирање на pop-up реклами, видеа кои стартуваат автоматски и слични други вознемирувачки форми на реклами.
Во соработка со Коалицијата за подобри реклами се создадени и инструкции за сопствениците на веб-сајтови кои мора да се придржуваат на “добрите реклами” – а во спротивно, Chrome ќе ги блокира сите реклами на веб-страниците кои често ги кршат правилата. Овој радикален потег беше најавен уште пред една година, кога делумно беше активиран adblocker-от на нападните реклами, но сега секој треба да се придржува на овие правила.
Поточно, од 9 јули 2019 година, Google Chrome ќе го активира својот adblocker за целиот интернет, во сите делови на светот, а ќе се применува на сите веб-сајтови. Оние кои ќе ги прекршуваат правилата на Коалицијата ќе бидат на црната листа и сите реклами кои обидуваат да ги постават ќе им бидат блокирани. Сопствениците на веб-страницата имаат алатки за да проверат колку нивните страници се “легални” по прашањето за прикажување реклами.
Податоците од САД, Канада и Европа велат дека од почетокот на оваа година, околу две третини од сите страници кој претходно прекршиле некои правила сега ги исполнуваат критериумите на Коалицијата, а помалку од 1% од страниците, искусиле целосна блокада на рекламите. Интернетот е веќе помалку затрупан со реклами кои нè вознемируваат при негово користење.