Home » Во фокусот » Блокирањето на нападните реклами од Google Chrome стигнува за сите ова лето

Блокирањето на нападните реклами од Google Chrome стигнува за сите ова лето

Google преку својот пребарувач Chrome сака да го подобри интернетот, а истовремено и да им помогне на огласувачите да дојдат до целната публика, па превзема важни чекори во таа насока

Долго време, Google се обидува да ја “поправи мрежата” преку својот прелистувач Chrome и да ја исчисти од нападни реклами кои го намалуваат квалитетот на корисничкото искуство. Непостоењето на реклами кои го попречуваат нормалното читање и гледање на содржината, веројатно ќе ја намали потребата за агресивните adblocker-и, а со тоа ќе бидат задоволни и огласувачите и корисниците. Со ваквите идеи, Google започна постепено да воведува блокирање на pop-up реклами, видеа кои стартуваат автоматски и слични други вознемирувачки форми на реклами.

Во соработка со Коалицијата за подобри реклами се создадени и инструкции за сопствениците на веб-сајтови кои мора да се придржуваат на “добрите реклами” – а во спротивно, Chrome ќе ги блокира сите реклами на веб-страниците кои често ги кршат правилата. Овој радикален потег беше најавен уште пред една година,  кога делумно беше активиран adblocker-от на нападните реклами, но сега секој треба да се придржува на овие правила.

Поточно, од 9 јули 2019 година, Google Chrome ќе го активира својот adblocker за целиот интернет, во сите делови на светот, а ќе се применува на сите веб-сајтови. Оние кои ќе ги прекршуваат правилата на Коалицијата ќе бидат на црната листа и сите реклами кои обидуваат да ги постават ќе им бидат блокирани. Сопствениците на веб-страницата имаат алатки за да проверат колку нивните страници се “легални” по прашањето за прикажување реклами.

Податоците од САД, Канада и Европа велат дека од почетокот на оваа година, околу две третини од сите страници кој претходно прекршиле некои правила сега ги исполнуваат критериумите на Коалицијата, а помалку од 1% од страниците, искусиле целосна блокада на рекламите. Интернетот е веќе помалку затрупан со реклами кои нè вознемируваат при негово користење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365