Home » Во фокусот » Дарко Дујиќ нов претседател на Словенското здружение за маркетинг

Дарко Дујиќ нов претседател на Словенското здружение за маркетинг

Новиот состав на управниот одбор на Словенското здружение за маркетинг (DMS – Drustvo za marketing Slovenije) на петочното собрание го избра Дарко Дујиќ за нов претседател на друштвото со мандат до 2017 година.

Дарко Дујиќ

Дујиќ кој работи во Google Adriatic како одговорен за развој на компанијата во Југозападна Европа, на позицијата доаѓа како наследник на Маја Маковец Бренчиќ која го водеше здружението во два мандати односно во последните 6 години. 

За нов подпретседател на друштвото е избрана Александра Бранк, директорка за маркетинг во компанијата Bisnode.

Новиот тим, како што вели Др. Дарко Дујиќ, има голем потенцијал за продуктивна работа, нешто што го покажале уште на првите работни средби кога демонстителе нова енергија и динамичност која ќе биде водилка за успешна работа на друштвото во периодот што претстои.

Во своето обраќање по повод изборот тој дополни “Здружението мора да покаже континуитет во подобруввање на некои од активностите. Веќе имаме неколку одлични проекти како МаркетингМонитор DMS,  Словенската Маркетинг конференција, различните обуки и клубови како Клубот на маркетинг директори и Студентската секција на Словенското Маркетинг Здружение и тие треба да се негуваат, но и да одиме чекор напред во развојот на нови содржини и да работиме во развојот на нови области како би го промовирале дополнително маркетинг размислувањето во целокупната економија и бизнис процесите

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365