Еден од омилените брендови во Македонија, Стоби Флипс на Витаминка, изненади со уште една своја кампања, овојпат за Чоко Стоби Флипс, наменета за помладата генерација, но и за сите љубители на слатките и квалитетни задоволства.
Кампањата е дело на целокупниот тим на маркетинг-агенцијата Division, која стои зад многу успешни проекти поврзани за оваа компанија.
„Она што го прави Чоко Стоби Флипс интересен и уникатен е тоа што претставува совршена комбинација од две убави работи, совршен микс од највкусниот флипс и најдоброто чоколадо“, ни изјави Марко Стојановиќ, креативниот директор на Division. „Од таа комбинација на две навидум неспоиви нешта потекна и идејата за кампањата, а тоа е да прикажеме различни предмети кои заедно создаваат нешто ново и подобро. Дури и слоганот на кампањата, ДВЕОДОЛИВА КОМБИНАЦИЈА, е резултат на едно такво мешање на два елементи”.
Покрај забавната 3Д анимација, во склоп на интегрираната кампања се вклучени и многу други комуникациски канали во духот на оваа интересна идеја, која со сигурност ќе му се допадне на секого што ќе ја види.
На линкот може да ја погледнете целата анимација.