Пластичните предмети за еднократна употреба, како што се пластичните цевки, вилушки и ножеви, памучните стапчиња за уши, ќе бидат забранети во Европската Унија до крајот на 2021 година.
Европскиот парламент гласаше за забрана на 10 пластични предмети за еднократна употреба, вклучувајќи и пластични чинии, држачи за балони, садови за храна и за пијалок направени од стиропор и сите производи изработени од оксо-разградлива пластика.
Земјите-членки на ЕУ можат да ги изберат своите методи за намалување на употребата на пластика за еднократна употреба. Исто така, сите земји ќе мора да соберат и рециклираат најмалку 90% шишињата за пијалак до 2029 година.