Home » Extra 5 » Глобалната прослава на Нутела по повод 50 годишнината од постоењето

Глобалната прослава на Нутела по повод 50 годишнината од постоењето

Нутела прослави 50 години од нејзиното постоење.  Глобален бренд – глобална прослава.  Речиси низ сите поголеми градови во светот се одржаа концерти и други манифестации со цел да се одбележи овој ден но и да се прати порака до потрошувачите дека Нутела е број 1 во светот.

nutela

Сето тоа беше и добар повод да се раскажи приказната за Нутела или она  што модерните маркетери умеат да го наречат  бренд идентитет (корен на брендот). За нејзиниот почеток па се до клучот за успехот на овој бренд.

Потеклото на Нутела се поврзува со блок чоколадо кое што се викало Le Giandujot произведено за прв пат во 1920 година од страна на Pietro Ferrero кој што бил слаткар по професија во малото градче во Северна Италија наречено Алба каде што и денес се наоѓа седиштето на групацијата Ferrero. По втората светска војна во 1946 година Pietro Ferrero и неговиот брат Giovanni се приморани да го заменат какаото со лешници кои ги имало во изобилство во тој регион на Италија.

nutela 2

Според легендата, се се менува во 1949 година.  Имено, за време на овој период проследен со високи жешки горештини  се променила употребата на Нутела засекогаш. Тој период предизвикал топење на на чоколадото и лебчето што се користело со него наречено  pain au chocolat.  Па така браќата Ferrero ја прават првата смеса  еурокрем наречена Supercrema која што доживела голем успех.

nutela 3

Во 1959 Ferrero одлучува да ја изгради првата фабрика во Villers-Ecalles, близу Руен во Северна Франција. Идејата била да се искористи знаењето на тамошните текстилни работници кои што имале исто доста познавање во бизнисот на чоколада.  Оваа фабрика најпрво прозиведувала чоколада наречени Mon Chéri но во 1960 година почнува да го произведува чоколадна смеса/крема наречен La Tartinoise која била еквивалент на Supercrema.

nutela 4

Името Нутела дошло најпосле бидејќи името Supercrema се сметало за несоодветно. За да се создаде името Нутела се тргнало од германското nuss и англиското nut. Тогаш се мисли на Nutsy, Nutina, Nussina и Nusscrem. Најпосле се креирало името Нутела.

 Подолу можеме да ја видиме актуелната амбалажа креирана само за оваа 50 годишна прослава:

nutela 5

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365