Пред неколку дена во Берлин се оддржа традиционалната годишна наградна церемонија Sabre Awards на која беа доделени признанијата за најуспешните консултански агенции за комуникации според The Holmes Report за ЕМЕА регионот (Европа, Блискиот Исток и Африка)
Епитетот на најдобра комуникациска агенција за Источна Европа го понесе агенцијата Grayling, а во финалето влегоа уште и 404, All Channels, Dăescu Borțun Olteanu Consultanță и минатогодишните победници MSLGroup.
Во продолжение погледнете ги и победниците во неколку различни категории:
Според географска положба:
Consumer Consultancies of the Year: Hope & Glory
Corporate Consultancies of the Year: Hering Schuppener
Creative Consultancies of the Year: Unity
Digital Consultancies of the Year: Weber Shandwick
Healthcare Consultancies of the Year: Pegasus
Public Affairs Consultancies of the Year: Hanover Communications,
Technology Consultancies of the Year: Harvard,
New Consultancies of the Year: Matriochka Influences,
The Holmes Report е водечката светска независна организација за истражувања во индустријата за комуникации и ПР.
SABRE Awards (Superior Achievement in Branding and Reputation) секоја година доделува признание за исклучителната успешност на комуникациските проекти во Северна Америка, EMEA регионот и Јужно-пацифичкиот регион. Во трката за признанијата кои се доделуваат во повеќе од 20 категории оваа година беа номинирани дури 2000 проекти од целиот свет. Членови на жирито се сениори и професионалци од областите односи со јавност и корпоративни комуникации од угледни светски ПР агенции