Home » Extra 5 » Кроација осигурување Живот прослави 10 години од постоењето

Кроација осигурување Живот прослави 10 години од постоењето

Oваа година е од особено значење за Кроација Осигурување. Се одбележуваат јубилејни 10 години од основањето, а оваа година истекуваат и првите полиси за животно осигурување на осигурениците кои пред 10 години својата доверба им ја дадоа токму на оваа компанија и останале лојални на неа во целиот овој период.

Имајќи го предвид самиот концепт на животно осигурување кое подразбира повраток на сите вложени средства по истекот на осигурувањето заедно со пропишана добивка која ја припишува оваа Kомпанија, оваа година ќе исплатат осигурени суми за доживување кон првите осигуреници во износ со половина милион евра.

kroacija

„За нас овие први исплати се од непроценливо значење. Возвишено е чуството да знаете дека имате лојални осигуреници во период од 10 години, уште повеќе кога нивната доверба и задоволство се потврдува така што веднаш склучуваат нови полиси“, изјави Генералниот директор за животно осигурување Вилма Учета Дузлевска.

 

Се зголемува свеста за животното осигурување

Таа истакна дека свеста кај македонските граѓани за потребата од животно осигурување е веќе на доволно високо ниво, а за тоа говорат и двоцифрените стапки на раст на премијата за животно осигурување и тоа од 2007 година па наваму.

Во изминативе години Кроација изгради систем на вредности кои ја издвојуваат како Компанија во која македонскиот граѓанин препозна стратешки партнер за сигурност и долгорочно штедење. За овие 10 години Кроација прерасна во Компанија Лидер на пазарот за животно осигурување.

Претседателот на Управата Кроација Осигурување Загреб, Г-дин Санел Волариќ беше дел од деншното обраќање пред медиумите, соработниците, вработените и осигурениците во чест на 10 годишнината од постоењето на Кроација Осигурување во Македонија.

Тој ја поздрави десетгодишнината од постоењето на Компанијата.

„Од денес славиме десет години успешно работење на Кроација Осигурување во Македонија . Како што знаете Вилма и нејзиниот тим работеа многу напорно, ние сме лидери на пазарот и имаме над 50 % од бројот од полисите за осигурување и речиси 50 % согласно остварената бруто полисирана премија. Горди сме на успехот и ќе продолжиме да работиме со исто темпо “ изјави Санел Волариќ, претседател на управата на „Кроација Осигурување – Загреб“.

Гоце Вангеловски пак, Генралниот директор на Кроација Осигурување – Неживот исто така посочи дека е чест да се биде дел од 10 годишнината на Кроација Осигурување-Живот.

Друштвото за неживотно осигурување, како дел од групацијата Кроација Осигурување Загреб, своето деловно работење на македонскиот пазар на осигурување ги започна кон средината на 2009 година и од тогаш функционира исклучително активно.

„Резултатите кои компанијата ги постигна во изминативе 10 години покажаа како една компанија во осигурувањето може да стане лидер на пазарот. Следејќи ги работите кои ги направија во Кроациа Осигурување – Живот, компанијата за неживотно осигурување отпочна заеднички процес на синергија на двете друштва и заедно со заеднички напори ќе продолжат да направат уште подобри успеси на македонскиот осигурителен пазар“, рече Вангеловски.

Пазарот на животно осигурување во Р. Македонија официјално започнува да се развива во 2005 година, со основањето на првата Компанија за осигурување на живот во земјава – Кроација Осигурување – Живот. Во период од 10 години компанијата бележи перманентен раст на осигурителната премија за животно осигурување.

Лидерска позиција на пазарот

Од 2011 година Друштвото ја зазема лидерската позиција на пазарот по бројот а продадени полиси за животно осигурување, од 2012 година ја заземаат и лидерската позиција согласно БДП. Минатата година Друштвото ја заокружи 2014 година со продадени 4784 полиси, што претставува повеќе од 51 процент од вкупнопродадените полиси за животно осигурување во Македонија за 2014 год.

2014 година Друштвото ја заокружи и со пазарно учество од 44% согласно параметарот бруто полисирана премија, остварен раст на премијата од 20% и зголемување на добивката  од 15%, при што успеа да ја задржи лидерската позиција на пазарот веќе трета година по ред.

Пазарот за животно осигурување во Македонија е во фаза на развој, а за тоа јасно говорат и континуираните двоцифрени стапки на раст на премијата. Кроација како пазарен лидер го следи овој тренд на двоцифрен раст на премијата и тоа со раст поголем од динамиката на раст на пазарот.

Перманентниот раст на премијата за животно осигурување изминативе години е јасен знак дека македонскиот граѓанин се повеќе ја согледува корисноста на полисата за  животно осигурување. Се повеќе граѓани го препознаваат животното осигурување како принуден облик на штедење кое им гарантира сигурна заштеда овозможувајќи им истовремено финансиска сигурност при можни ризици .

Сепак, полисата за животно осигурување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна поволност:истовремено осигурување и заштеда.

Како лидер на пазарот за животно осигурување, од компанијата истакнаа дека примарно се фокусирани кон пораст на свеста за потребата од животно осигурување на македонските граѓани и менување на културолошкиот пристап кон штедењето.

Согласно официјалните податоци објавени од страна на Агенцијата за супервизија во осигурување и Националното биро за осигурување вкупната бруто полисирана премија за животно осигурување за 2014 година изнесува 14,439,539.96 евра, од кои 44% претставуваат БПП на друштвото со доминантен удел – Кроација Осигурување Живот.

Додека, пак вкупниот број на склучени договори за животно осигурување за 2014 год. изнесува 9255, од кои повеќе од 51% се договори издадени токму од Кроација Осигурување Живот.

Со годишен раст на премијата од 21,6% и зголемување на добивката од 15%, Друштвото ја заокружи 2014 како уште една значително успешна година.

Од „Кроација Осигурување“ порачаа дека и во наредните години сите напори ќе ги вложуваат во оправдување на довербата која им ја укажуваат нивните клиенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365