Во оваа духовита активација за документарецот ‘Social Animals’, агенцијата Conscious Minds создаде неколку вендинг машини со прилично необична понуда
Кампањата која овие денови се споведува во Калифорнија, фрла светло на Инстаграм културата, така што некои однесувања поврзани со оваа платформа ги трансформира во физички производи, а потоа ги продава преку вендинг машини.
Кампањата, спроведена од агенцијата Conscious Minds, ја промовира премиерата на документарниот филм на оваа агенција кој се занимава со темата на социјалните медиуми, „Social Animals“. За таа цел, агенцијата постави неколку вендинг машини, кои им овозможуваат на корисниците да купат малку необични и бесмислени производи со тематика која се врти околу оваа социјална мрежа, па тука се наоѓаат пакети со илјада лајкови, “Thumb Spa” за релаксирање на прстите по долготрајното скролање, колачиња „Food Porn Star“ и слично.
Според режисерот на филмот “Социјални животни” и партнер во агенција Conscious Minds, Џонатан Игнатиус Грин, вендинг машините нудат сатирична поврзаност со документарниот филм, кој дава брутално искрен поглед во секојдневниот живот на тројца тинејџери, чии профили на Инстаграм трајно ги промениле нивните животи.
Сите приходи од вендинг машините и онлајн продавниците кои ги продаваат истите производи ќе бидат донирани на непрофитна организација Reboot&Recover, посветена на подигање на свеста и третман на проблемот на дигитална зависност и ментално здравје.