Се разбира дека во последно време не можевте да ги ибегнете видео клиповите по разни медиуми и социјални мрежи во кои повеќе познати личности се полеваат со ладна вода.
Акцијата #IceBucketChallendge има за цел да ја подигне свеста за постоењето на болеста позната какo Амистрофична латерална склероза (Лоу Гехирова болест). Оваа болест припаѓа на групата невролошки болести кои ги зафаќаат горните и долните моторни неврони.
Акцијата изгледа вака: Луѓето креираат видео во кое самите или некој друг ги полева со ладна вода, тоа го поставуваат на социјалните мрежи (Facebook, Instagram, Twitter) и на крајот на видео клипот повикуваат (делегираат) свој пријател да го направи истото во рок од 24 часа или да донира 100 долари. Повеќето од учесниците досега ги направија двете работи.
Колку оваа акција е успешна говори и вактот дека до сега се поставени речиси 1,2 милиони видео клипови, а на Твитер овај хаштаг е употребен над 2,2 милиони пати.
Во продолжение едно видео со неколку славни личности кои го прифатија предизвикот:
….секако да не го заборавиме царот Чарли Шин кој покажа како вистински се прави оваа работа донирајќи 10.000 долари :)