Home » Во фокусот » Претставени резултатите од проектот “Зелена Идеја“

Претставени резултатите од проектот “Зелена Идеја“

(РЕГИОН) – Во вторникот вечерта, во клубот “Пеперминт“ во Загреб, беше оддржана изложба на сработеното од проектот “Зелена Идеја“ , за кој веќе пишувавме на Маркетинг365, и со кој 16 хрватски еко производители добија бесплатни услуги за маркетинг и промоција од маркетинг агенциите членки на HURA (хрватското здружение за деловно комуницирање).

Domagoj Račić, Nikola Vrdoljak,  Zvjezdana Blažić,  Damir Ciglar

Domagoj Račić, Nikola Vrdoljak, Zvjezdana Blažić, Damir Ciglar

Складно на нивните потреби, еко производителите добија помош од агенциите во вид на дизајн или редизајн на логото, веб страната, амбалажата и брошурите ; осмислување на визуелниот идентитет, слоган и комуникациска стратегија а се со цел како би станале попрепознатливи и поконкурентни на пазарот.

За време на претставувањето на сработеното, раководителот на проектот Никола Врдољак изјави : “Мислам дека со овој проект ги оправдавме нашите првични очекувања и наравивме важен чекор со кој им помогнавме на помалите еко производители полесно да се позиционираат и да ги претстават своите производи на пазарот. Се надеваме дека и преостанатиот дел од јавноста, преку комуникациските платформи кои маркетинг агенциите ги реализираа, ќе можеме да ја убедиме во квалитетот и посебноста на производите на нашите еко производители. Исто така се надевам дека со овој проект докажавме дека маркетинг професионалците можат да помогнат во пласманот на еко производите и развојот на еко производството со надеж за позитивно влијание на целосната економската ситуација во Хрватска

Еве што се маркетинг агенциите од Хрватска сработаа бесплатно за еко производителите : 

Агенција Libra  – редизајн на лого и амбалажа како и нов слоган за Anyo d.o.o. –  производител на вегетаријански сирења од соја и преработка

Агенција Proximity Zagreb – редизајн на веб сајтот на  OPG Babac Sandra

АгенцијаTBWA\Zagreb – онлајн кампања за промоција на веб продавницата за Obrt Annapurna – производител на еколопки производи на база на соја и пченица

Агенција Unex Grupa – дизајн на лого и пакувања за Banovina agrar d.o.o. –

Агенција Web burza и iZone – дизајн и продукција на нова веб страна за OPG Denis Bogoević-Marušić – p

Агенција BBDO Zagreb  – осмислување и прилагодување на амбалања и брошури за OPG Duhaček

АгенцијаStatus Grupa – ново лого, веб страна и слоган за OPG Ivan Veselić

Агенција TF Marketing – B2B newsletter и микросајт за OPG Krnić Lovro – производител на еколошки мед

Агенција Digitel& – нов визуелен идентитет за  OPG Ljiljana Diktić

Агенција Bruketa&Žinić OM  – дизајн на амбалажите и редизајн на веб странта OPG Marica Jug

Агенција Omega Media – нова комуникациска и креативна стратегија (веб страна, печатени огласи итн..) за OPG Mario Sever

Агенција Imago reklamna agencija – дизајн на амбалажа за маслиново масло и вино, како и редизајн на вебсајтот и логото на Poljoprivrednu zadrugu Maslina i vino / Polača

Агенција K&K Promotion – комуникациски концепт за Stancija Kumparička d.o.o.

Агенција Gingernet – дизајн и продукција на нова веб страна за OPG Nikica Žampera

Агенција Grey Zagreb –  визуелен идентитет и дизајн на етикети за вината OPG Šime Škaulj – производител на еколошки вина

Агенција Studio Marketing JWT Zagreb –  дизајн на веб страна за  OPG Šimunić Berislav –

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365