Home » Extra 5 » Рекламна кампања на“Теско“ за почесто користење на услугата “Скенирај“ додека купуваш

Рекламна кампања на“Теско“ за почесто користење на услугата “Скенирај“ додека купуваш

Теско во UK започна ТВ кампања наречана “Скенирај додека купуваш“ со цел да ја зголеми свеста на луѓето за користење на услугата додека купуваат, и која воедно ќе биде паралелно спроведена на други 20 пазари.
Теско ја понуди услугата “Скенирај“, за време на вашето купување производи низ одредени маркети, откако го забележа бројот на корисници кои користат “self-checkout“ машини.

Тоа е всушност систем кој му дозволува на потрошувачите да ги скенираат производите (кодот на производот), и како што се движат низ маркетот брзо да платат на машината пред да се упатат кон излезот и без да има потреба од ангажирање на касиер и фискални сметки.
Моментално услугата е достапна низ 350 маркети низ Велика Британија, со околу 600.000 корисници на неделна основа.
“Ние сакаме купувањето да го направиме уште полесно за потрошувачите кои купуваат од нас. Услугата “Скенирај“ ја користат веќе 600.000 корисници неделно, и не само што заштедува време, туку паралелно им дава и преглед за трошоците .“ – вели портпаролот на Теско.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365