Home » Extra 5 » Рекордна ниска гледаност на церемонијата на доделување на Оскарите

Рекордна ниска гледаност на церемонијата на доделување на Оскарите

Церемонијата на доделување на Оскарите, наградите на американската Академија на филмски уметности и наука, ја гледале 26,5 милиони гледачи, што е рекордно мал број.

Ова е првпат церемонијата на Оскарите да ја гледаат помалку од 30 милиони луѓе.

Доделувањето на Оскарите е често е најгледана шоу програма на телевизија, после Супер Боул, но тоа не беше случај оваа година. Минатиот месец, церемонијата на  отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг ја следеле 27,8 милиони гледачи.

Бројот на луѓе кои гледаат телевизија се намалува воопшто, но гледаноста на Оскарите често пати се поврзува со популарноста на филмовите во натпреварувачките категории. Оваа година наградата за најдобар филм ја доби филмот “The Shape of Wather” (Обликот на водата).

Доделувањето на оскарите забележа ниска гледаност и во 2008 година, кога наградата за најдобар филм му припадна на филмот “No Country For Old Men”.

Минатата година, свеченото доделување на Оскарите го следеле 33 милиони гледачи.

Сепак, тоа беше профитабилна вечер за ABC, бидејќи Оскарите за генерираа повеќе приходи од реклами отколку било кој друг ден во годината. Минатата година, мрежата заработи околу 128 милиони долари приходи од реклами, 114 милиони за самиот телевизиски пренос и дополнителни 14 милиони долари за содржини од црвениот тепих.

Просечната цена за полуминутна реклама во текот на Оскарите оваа година изнесуваше над 2 милиони долари, а мрежата продаде поединечни реклами од 30 секунди и за дури 2,8 милиони долари, наведува Kantar Media.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365