Home » Extra 5 » УЈП со апел до македонските граѓани

УЈП со апел до македонските граѓани

Од Управата за јавни приходи апелираат до граѓаните да побрзаат и да се пријават во електронскиот систем за пријавување данок.

Според достапните податоци на само месец пред истекот на крајниот рок не се регистрирале ниту половина, бидејќи ваква обврска имаат околу 900.000 граѓани а засега свои пријави поднеле само 380.000 граѓани.

УЈП ги информира граѓаните кои од какви било причини се спречени лично да дојдат во даночните канцеларии на Управата, да се пријават на контакт телефоните на УЈП со цел регистрацијата да се изврши во нивните домови заклучно крајниот рок кој истекува на 31.12.2018 година.

Инаку, УЈП ги ослободи пензионерите од оваа обврска доколку пензијата е нивниот единствен приход. Но, околу 45.000 пензионери, кои имаат и дополнителни примања по кој било основ, сепак мора да се регистрираат во системот на УЈП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365