За Marketing365.mk

Маркетинг365 (M365) е прв македонски портал за маркетинг и ПР индустријата.

Мисијата на Маркетинг365 е поголема афирмација и унапредување на маркетинг и ПР индустријата во Македонија, зголемување на транспарентноста во работењето на маркетинг и ПР компаниите од земјава и регионот, како и регионално бизнис вмрежување помеѓу агенциите, огласувачите и медиумите.

Потребата од развој на М365 беше демонстрирана од фактот што на македонската маркетинг и ПР сцена не постојат доволно квалитетни, автентични медиуми, од самите професионалци од фелата, кои на јавна сцена би ги пренеле и дебатирале актуелните текови, трендови и пред се предизвици кои се наметнуваат во секојдневното практицирање на професиите маркетинг и односи со јавност

Оттаму и потребата да се создаде портал кој ќе понуди многу повеќе информации и сервиси за сите оние кои на било кој начин се поврзани со Маркетинг и ПР професиите.

Marketing365 .mk е добитник на признанијата: “Најдобар блог на Македонија“ (2011 година) , “Највлијателен блог на Балканот кој доаѓа од Македонија“ (2011 година) , Второ место во категоријата “Најдобар бизнис-информативен портал во Македонија“ (2014 година) и “Најдобар блог во Македонија“ (2015 година)

Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions.

Ви благодариме што го посетивте “Маркетинг365“ и Ви посакуваме пријатен ден !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *