Зоран Кардула, дипломиран електро инжинер, кој во моментов работи како графички дизајнер во агенцијата “Публицис“ од Скопје, е победник на постер натпреварувањето во склоп на 22-рото издание на Латинскиот Филмски фестивал, кој се одржува во Сан Диего и на кој што учествуваа околу 70 решенија од целиот свет. Како што самиот автор вели “филмовите се негова пасија“ и вистионско задоволство беше за него да учествува на овој конкурс.
Зоран со графички дизајн се занимава веќе 15 години, а паралелно е посветен и на сликарство и тоа повеќе од 25 години. Досега учествувал на различни конкурси, меѓу кои на конкурс за дизајн на накит за „Swarovski“ и „INYO“, каде бил и финалист. Минатиот ноември имаше изложба на постери на тема „Soviet Neo-Constructivist Propaganda“ во Минеаполис, САД
Графичкото решение кое му ја донесе победата на нашиот претставник, како што вели тој: “беше симбиоза меѓу типографијта и иконографијата во еден модерен концепт…решение кое ги комбинира познатите Латионо-американски сиболи и симболите од филмската индустрија преку едноставни и модерни икони“
Победничкиот постер, покрај тоа што ќе биде официјално “лице“ на фестивалот кој се оддржува од 12 до 22 Март, ќе биде аплицирано и на сите придружни материјали (сувенири, визит карти, мини постери итн..)