Самсунг (Samsung) го претстави Gear S3, нов паметен рачен часовник кој се повеќе ја зацврстува неговата лидерска позиција во категоријата на уреди погодни за носење. Gear S3, инспириран од традиционалните рачни часовници и уметноста за нивна изработка, претставува дизајн во кој се испреплетени традиоционалите вредности со новитетите од мобилната технологија, вклучувајќи и IP68 отпорност на вода, мобилно плаќање, LTE конективност и вграден GPS, што го прави идеален новитет во било која колекција на рачни часовници.
Самсунг Gear S3 се изработува во две атрактивни верзии со цел задоволување на различните животни стилови на корисниците: ултрамодерна варијанта – frontier, како и во класична – classic варијанта. Инспириран од активните истражувачи, Gear S3 frontier го оживува грубиот и остар спортски изглед во кој се претпопуваат формата и функцијата. Frontier верзијата е дизајнирана за функционалност во било каква средина и опкружување – како на работа, така и во слободното време. Gear S3 classic е изработен во минималистички, елегантен стил кој ги краси поголемиот број на легендарни рачни часовници. Класичната верзија на овој часовник е дизајнирана со посветување на посебно внимание на деталите, со внимателно одбрана големина и облик кои даваат загарантирана конзистентност и баланс на мајсторски изработен луксузен часовник.
„Со Gear S3 ја продолжуваме нашата традиција во областа на уреди погодни за носење и на корисниците им нудиме можност да одберат решение кое најмногу одговара на нивните животни стилови. Самсунг Gear S2 придонесе за значаен напредок во категоријата на паметни часовници со персонализираниот изглед на часовникот и подвижната ротирачка предна маска, кои донесоа ново интуитивно искуство. Сега, со новиот Gear S3 ја збогатуваме нашата Gear колекција и воведуваме не само одличен паметен часовник, туку и одличен часовник генерално. Со напредните можности и рафинираниот, елегантен дизајн, Gear S3 представува значаен новитет во нашето портфолио на паметни часовници.“, изјави Јангхи Ли (Janghi Li) – Извршен подпретседател на Глобалното маркетинг одделение за мобилна комуникација во компанијата Самсунг.
“Од секогаш ме фасцинирале оние интригантни детали кои се наоѓаат на луксузните часовници. Со Gear S3 Самсунг ја носи на ново ниво мајсторијата за изработка на вакви отмени часовници – од интуитивна ротација на предната маска, до доработката на контрастната површина. Gear S3 е паметен часовник кој на љубителите на часовниците дава убедлива причина да размислат за набавка на уред кој ги спојува традиционалниот дизајн со дигиталната технологија” во своето обраќање од штандот Gear S3 на водечкиот светски саем за потрошувачка на електроника и бела техника – IFA во Берлин, изјави Ариел Адамс (Ariel Adams), автор на најпознатиот светски блог за часовници “aBlogtoWatch”.
Трагајќи по она што го одредува вистинскиот квалитет на еден часовник, Самсунг се инспирирал од произведувачите ширум светот, посветувајќи посебно внимание на вештината и мајсторството на истовременото поврзување на деликатните и навистина сложени часовници. Под влијание на квалитетот на изработка на традиционалните часовници, Gear S3 е креиран на основа на интензивно истражување и тестирање на купувачите, лидерите во овој сектори и експертите за часовници ширум светот. Секоја карактеристика, од кружната маска до врвната доработка и копчињата, е осмислувана да се постигне изглед на класичен часовник. Покрај тоа, Gear S3 е компитабилен со ременчиња за часовник од 22mm за да можат неговите корисници лесно да го прилагодат онака како највеќе ќе им одговара со секоја облека или пригода.
“Со Gear S3 сакавме да ја интегрираме традицијата и технологијата, а пред се да произведеме крајно интелигентен паметен часовник. Големиот циферблат е инспириран од стилот кој ги краси врвните светски брендови на часовници. Gear S3, како спој на класичниот часовник и најновите технолошки иновации, сигурно ќе одолее на тестот на времето”, рече Ајван Арпа (Ajvan Arpa), дизајнер на луксузни часовници од Швајцарија, кој учествуваше во процесот на дизајнирање на Gear S3.
Покрај елегантниот изглед, Gear S3 ги исполнува и IP68 стандардите за отпорност на вода, со што омозможува неговите корисници да го носат цел ден, без обзир на временските прилики. По прв пат во серијата Gear, моделот Gear S3 поседува Corning® Gorilla® Glass SR+ карактеристики, посебно дизајнирани за уредите погодни за носење кои обезбедуваат појак и потврд дисплеј отпорен на гребаници.
Always On (AOD) екранот од 16 милиони бои и технологија Super AMOLED се карактеристики по кои Gear S3 дополнително се истакнува и разликува од другите паметни часовници. Овој часовник секогаш го покажува времето без автоматско затемнување, а оргиналниот ротирачки машки модел Gear S3 е унапреден со нови карактеристики. Без допирање на екранот, корисниците ќе можат да ги прифатат или одбијат повиците или да го одложат алармот. Покрај тоа, пораките напишани или нацртани на екранот автоматски се конвертираат во текст и емотикони. Со помош на апликацијата Потсетник (Reminder), корисниците ќе може да направат и кратки подсетници и to-do листи за управување со најкомплицираните планирани обврски.
Gear S3 овозможува погодности со едноставно движење на зглобот, овоззможувајќи на корисниците да ги остават настрана нивните паметни телефони во тој момент кога не им се потребни. Вградената GPS функционалност им овозможува на корисниците прецизно да ги следат своите секојдневни фитнес активности, додека Alti барометарот и акцелерометарот овозможуваат следење на се, започнувајќи од надморската височина и атмосферскиот притисок, до ненадејните промени на времето, поминатото растојание и брзина.
Покрај тоа, корисниците на Gear S3 на одредени пазари може да ги користат своите паметни часовници да извршат купување од било кое моесто каде што можат да ја користат картичката со помош на Samsung Pay за Gear S3.
Gear S3 е дизајниран водејќи сметка за безбедноста на корисниците. Во итни случаеви корисниците може да активираат СОС и можност за следење на локација, предупредувајќи ги семејството, пријателите и итните служби за кризната ситуација, дури и во оние мигови кога телефонот не им е во рака.
Корисниците може да пристапат кон широкиот спектар на апликации, вклучувајќи апликаџија за фитнес, музика, вести, спорт и патувања – кое се оптимизирани за Gear уредите вклучувајќ9 го и Gear S2 и Gear S3. Со големиот избор на подесувачки циферблат (означување на часовите на часовникот од 1 до 12) кои може да се превземат, корисниците може да персонализираат кружно UI како би одговатал на нивниот животен ситл. Одбраните апликации и ciferblati ќе бидат достапни за превземање директно од Gear S3, без потреба од нивно претходно превземање на паметниот телефон.
Благодарение на партнерството со Арик Леви, познатиот уметник и индустриски дизајнер, Самсунг ќе воведе уметнички циферблат и дизајнирани ременчиња за часовникот. „Беше незаменливо и забавно да се соработува со Самсунг на создавање на единствениот и најразвиваниот концепт на ciferblata и ременчиња за часовник за Gear S3. Инспирирани од моите уметнички креации, инсталации и скулптури, креиравме и карактеристики кои ќе сакаат не само познавачите на технологијата, туку и оние кои ја ценат уметноста, дизајнот, слободата на мислењето и“, рече Арик Леви (Arik Levi).
Допринесувајќи за Тизен (Tizen) екосистемот, Самсунг воведува интеграција на BMW personal mobility companion навигацијата со новиот Gear S3 – што им помага на корисниците да не ги пропуштат роковите, да останат во контакт и да ја задржат контролата со понатамошно унапредување на поврзаното автомобилско искуство. Со помош на BMW Connected апликацијата, корисниците може да добиваат предупредувања кога е време да појдат на своето следно патување, да проверат колку имаат гориво, да го отклучат својот BMW автомобил и уште многу други функции, се директно од екранот на Gear S3.
Покрај тоа, со лансирањето на Gear S3, Самсунг ќе продолжи да воведува софтверски апдејти и поддршка, со што на корисниците на Gear S2 ќе им обезбеди пристап до одбрани карактеристики на Gear S3.