Добијте мотивирачка доза енергија за цела недела со ова воодушевувачко видео креирано од брендот за обувки DC Shoes, кои направија лудорија каква одамна не сме виделе.
Во соработка со нестрашливиот австралиски мотокрос возач Robbie Maddison, направија модифициран крос мотор со кој тој возеше ни помалку-ни повеќе туку токму по морето околу островот Тахити…
На проектот наречен “Robbie Maddison’s Pipe Dream“, се работело две години и секако не можеме да бидеме по благородни за овој маркетинг проект кој навистина мотивира да “ги рашириме границите на возможното и да веруваме во себе“.