Home » Во фокусот » 13 брилијантни Outdoor кампањи кои ја одбележаа 2015 година

13 брилијантни Outdoor кампањи кои ја одбележаа 2015 година

Магазинот AdWeek избра 13 овогодишни outdoor кампањи кои со максимален ефект ги искористија условите на надворешниот свет, додавајќи една дополнителна димензија на брендовите и каузите кои ги промовираат.

  1. Women’s Aid

За меѓународниот ден на жената, адвертајзинг агенцијата WCRS се здружи со Women’s Aid и Ocean Outdoor за да создадат извонредни дигитални билборди за домашно насилство. Билбордите користат технологија за препознавање на лица за забележување на луѓето кога ќе посветат внимание на сликата од жена со модрици. Како што повеќе луѓе гледаа на рекламата, нејзините модринки и посекотини заздравуваа побрзо, нагласувајќи дека не треба да се биде слеп кон овој проблем.

womens-aid-billboard-hed-2015

2. Salta

Во една многу смешна и многу реална кампања од Ogilvy Argentina, пивото Salta дизајнираше вештачки заби за репрезентативните рагби играчи кои изгубиле заби при играта. Специјалните заби истовремено имале и функција на отворачи за шишиња.

  1. Apple

TBWA\Media Arts Lab ја направија едно од најдобрите user-generated кампањи во годината така што на билборди поставија слики од вистински корисници на iPhone 6. ЛИНК

Chicago-Apple-iPhone3-6

  1. Snickers

BBDO New York создаде неколку одлични кампањи за Snickers во 2015, но можеби највпечатливата беше оваа: пронајдоа неколку реални грешки низ Њу Јорк и до нив поставија налепници со натпис: “You make mistakes when you’re hungry” (“Ти правиш грешки кога си гладен”). ЛИНК

snickers-ooh-hed-2015

snickers-stickers-ooh-4 snickers-stickers-ooh-5

  1. Nivea

Како да ги научите децата за важноста на кремот за сонце? Така што ќе направите кукла која лесно може да биде изгорена од сонце – и, како и децата, може да биде заштитена со користењето на Nivea крем за сонце. Одлична идеја од FCB Brazil. ЛИНК.

nivea-sunburn-doll-hed-2015

  1. Depaul

Outdoor кампањата на Publicis London за хуманитарната организација за бездомници Depaul со која успеаја да раскажат две приказни со исто копи. Рекламите беа поставени на патни агли со текст на двете страна. Ако ја прочитате само левата страна, рекламите беа против давањето на резервна соба на млади бездомници. Но, прочитана целосно, пораката беше целосно спротивна.

depaul-final-hed-2015

  1. Forever 21

Адвертајзинг агенцијата Breakfast направи неверојатна машина од скоро еден тон за бутикот која ги рекреираше Инстаграм сликите на луѓето користејќи 6400 макари платно. ЛИНК.

  1. Medcom

Знаејќи колку нејзините гледачи се бесно во врска со ударните дупки по патиштата, оваа панамска телевизија измисли креативен начин за поплака: Со помош од P4 Ogilvy & Mather, постави специјални уреди во ударните дупки кои автоматски испраќаат твитови до јавното патно претпријатие кога некој автомобил ќе помина над неа.

  1. Don Giulio Salumeria

Во летото 2014, Русија постави ембарго на увозот на храна од Европската Унија како одговор на санкциите поради Украина. Но, еден италијански маркет, Don Giulio Salumeria, продолжи да продава вистинска италијанска храна – и ја промовираше преку outdoor реклами кои препознавале полициски униформи и се ‘криеле’ кога ќе наминеле полицајците. ЛИНК.

  1. Cancer Research U.K.

Британците не успеваат да ги увидат првите знаци на рак. И не е ништо чудно: Тие дури и не го приметуваат растечкиот тумор на патот. Интересна кампања од AMV BBDO.

  1. McDonald’s

Cossette Vancouver го создаде дигиталниот McDonal’s билборд за изгрејсонце за промоцијата на новиот Egg McMuffin, кој се движи исто како и сонцето на утро.

mcmuffin-sunrise-1

mcmuffin-sunrise-2

  1. Sky Atlantic

Millennium FX и Taylor Herring ја промовираа телевизиската крими драма наречена Fortitude, во која дејствието се одвива од еден мал арктички град, така што создадоа неверојатно реална роботска бела мечка и ја пуштија да се ‘шета’ низ Лондон.

  1. JetBlue

Mullen Lowe ја создадоа оваа паметна кампања, која ги охрабруваше жителите на Њу Јорк да украдат 181 реклама од автобуските постојки низ петте окрузи и да ги заменат за бесплатни летови и други подароци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365