Значаен дел од ова финансирање се однесува на рекламирањето и неодговорните издавачи
Иницијатива Stop Funding Hate има многу причини да биде задоволна, откако 190 земји во ОН го одобрија конечниот текст на новиот меѓународен договор – Глобалниот договор за безбедна, уредена и регуларна миграција.
Имено, организацијата Stop Funding Hate започна кампања во август 2016 година, со намера омразата да се направи непрофитабилна и да се промовира идејата за “етичко рекламирање”, во рамките на која се убедуваат компаниите да ги повлечат своите реклами од медиумите кои промовираат омраза против малцинските групи.
Дел од нивните активности, исто така, се однесуваат и на застапување и предлагање на начини на кои земјите-членки на ОН би можеле да се борат против ксенофобијата. Со таа цел, организацијата успешно ја наметна идејата дека “ако сакаме ефикасно решавање на ксенофобијата, тогаш мораме да зборуваме со огласувачите и да ги поттикнеме да не се огласуваат на медиумите кои ги демонизираат мигрантите … Земјите-членки на ОН јавно се обврзуваат на начелото на етичко рекламирање – осигурувајќи дека било која владина рекламна кампања нема да биде насочена кон медиумите кои содржат примери на поттикнување на омраза “.
Новиот меѓународен договор, UN Global Compact for Migration, во неговиот текст посебно внимание посветува и на рекламирањето, како начин на финансирање на говорот на омраза, а сега ќе стане дел од меѓународната рамка на глобалните договори кои произлегуваат од Универзалната декларација за човекови права од 1948 година.