Утре, на Денот на шегата, „Светот на Биби“ ве поканува на супернастан во „Веро центар“ во Скопје.
Во 12 часот ќе се случува менување со сликички, а потоа во точно 12:30 часот ќе настапи Биби.
Целта на овој настан е преку песна, другарување и забава да биде споделена радоста на овој мегаспецијален ден!
Сите дечиња што ќе бидат маскирани како јунаците од „Светот на Биби“ ќе добијат подарок изненадување!
Организаторите Ве очекуваат на Априлијада со „Светот на Биби“ во „Веро центар“!