Брендот за брза храна McDonald’s објави нова реклама за британскиот пазар во која повторно се осврнува на веќе испробаната асоцијација помеѓу златните лаци на брендот и очните лаци, односно веѓите на луѓето.
Дејството на забавната реклама се случува на мост каде што бројни возила од секаков вид – автомобили, комбиња, автобуси и мотори, чекаат црвено светло поради градежни зафати. Меѓутоа, наместо општа нервоза поради чекањето и топлото време, помеѓу луѓето почнува да владее „заразно“ чувство на исчекување за она што следи на следното застанување, меѓусебно испраќајќи си невербални пораки со подигнувањето на своите веѓи.
Како што веќе сме навикнале во многу наврати со McDonald’s, во текот на рекламата нема експлицитно брендирање кое би укажувало на нивната понуда (има имплицитни примери како регистарска табличка со зборовите Big Mac), освен на самиот крај кога на екранот се појавуваат нивните познати „златни лаци“ и прашањето „Fancy a McDonald’s?“ („Сакаш ли Мекдоналдс?“).
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Leo Burnett и продукциското студио Partizan.