Со текот на годините, маскотите се менуваат, од незначителни корекции и минимални додатоци до комплетни и целосни промени
Логото е исклучително важно за секој бренд, но она што понекогаш се истакнува повеќе од самото лого е маскотата. Некои од маскотите ги следат брендовите уште од самиот почеток на нивното работење се до денес, давајќи му посебен шарм на брендирањето. Но, текот на годините, маскотите и се менувале, од незначителни корекции и минимални додатоци до комплатни и целосни промени, понекогаш само за да предизвикаат реакција од луѓето за да го постават прашањето: „Зошто?“
Порталот Bored Panda избра неколку маскоти на популарни компании и го спореди нивниот поранешен и сегашен изглед, на овие, сега веќе иконски симболи.
Маскотите ги прават нивните респектабилни брендови лесно препознатливи и стануваат дел од самиот производ. Голема е одговорноста на дизајнерите, кога на препознатливата икона треба да променат било што и треба да се соочат со публика која има исклучително големи очекувања и критериуми. Очекувањата vs. реалноста не се секогаш во совршен баланс, но кога резултатот ги надминува очекувањата, тоа дефинитивно може да биде наградувачки!