Смислена комуникација како двигател за раст што создава додадена вредност за брендовите. Комуникација. Партнерство. Комплетност. Почитување. Извонредност.
29 SOF ќе се карактеризира со сигурни, внимателни и смислени комуникациски начини и методи кои ги подобруваат препознатливоста и улогата на брендовите со додавање вредност за нив. Ќе се бараат начини како да се креира комуникациски екосистем што ќе биде прифатлив и наменет кон сите учесници – огласувачи, агенции, медиуми и потрошувачи.
Двигател на растот е комуникација која им дава цел на брендовите и создава јасна смисла и дополнителна вредност. На долг рок, успешни ќе бидат оние брендови кои имаат јасна цел и ги почитуваат и изразуваат вистинските вредности.
Комуникацијата, во поширок контекст, игра значајна улога во создавање вредност за организациите, со прифаќање на фактот дека брендовите делат простор и со добротворните организации, политиката, културата и друга публика, како и свеста дека подеднакво се важни вредностите со кои мораме, во комуникацискиот микс, целосно и целно насочено да управуваме.
Потрошувачот бара од брендовите недвосмислено да ги креира своите вредности, отворено да разговара за социјалните проблеми, да стане движечка сила за социјалните движења и уште повеќе да се користи за повисока намена од сопствената (т.е. не само за профит), на сите канали и подрачја на се` посложеното пазарно комуницирање, од CRM, CSR итн. Потрошувачот отворено очекува брендовите да се идентификуваат како со нивните лични вредности, така и со вредностите на општеството и средината во која се вклучени, како и пошироко.
Црвената нишка на Словенскиот огласувачки фестивал е јасна и фокусирана комуникација која создава вредност за сите учесници во огласувачкиот екосистем. Зад него стои Словенечкото здружение на огласувачките агенции чие раководство во наредниот двегодишен мандат го преземаат претседателката Шпела Жорж, директорка на Grey Љубљана и Саша Лебен, генерална директорка на Групацијата Formitas
На иницијатива на Управниот одбор, Словенечкиот огласувачки фестивал формираше Програмски совет кој заедно со извршната директорка и директорот на програмата на фестивалот води грижа за планирањето на програмата на фестивалот.
Составен е од претставници на медиумите, огласувачите и агенциите: Јана Штоковиќ (Про Плус), Маја Мишели (Публицис Груп Словенија), Марја Фелдин (Шпаркасе Банка), МаркоБебар (Медиа24), Метка Кејжар (Автокомерс) , Полонка Комар (РТВ Словенија), Урош Горичан (Херман&Партнерс), Валентин Булфин и Вера Станковиќ.
Првите говорници кои ќе можеме да ги видиме и слушниме на големата сцена на 29 Словенечки огласувачки фестивал ќе бидат познати наскоро.
Со натпреварувањето на Словенечкиот огласувачки фестивал ќе председава Аљоша Багола, еден од најпризнатите и најсестрани словенечки креативци, креативен директор, предавач, колумнист и автор на хит книги, инаку извршен креативен директор на агенцијата Пристоп. За прв пат по неколку години, со жирито ќе претседава кандидат, кој доаѓа од редовите на апликантите, бидејќи Советот на програмата ја исцрпи листата на кредибилни словенечки независни кандидати, кои ги исполнуваат утврдените критериуми, во последните години.
Деветчленото жири е составено од искусни креативни, уметнички и стратешки директори и копирајтери во словенечки и меѓународни агенции, меѓу кои се и дебитантите во жирито на СОФ, кои во последно време со својата работа силно го одбележаа словенечкиот и поширокиот комуникациски простор.
На претседателот Аљоша Багола, извршен директор на агенцијата Пристоп, во жирито ќе му се придружат: Љубо Братина, уметнички директор, Luna\TBWA, Зоран Габријан, креативен директор, Futura, Урош Горичан, креативен директор, Herman&partners, Милена Јаковљевиќ, стратешки директор Mediodrom, Јуре Коренч, копирајтер, Агенција 101, Мирка Модриниќ, креативен директор, Imago Bold, Катја Петрин Дорник, креативен директор, Grey Љубљана и Блаж Верхњак, креативен директор, Anomaly Amsterdam.
На примарното жири ќе им се придружат уште 12 дополнителни членови во оценувањето на одделните групи.
Три веродостојни експерти, специјалисти од обете конкурентни групи, ќе се приклучат на главното жири во групните натпревари за Интернет и мобилна комуникација и Дизајн. Придружните членови на жирито, ќе соработуваат како во креирањето на потесниот список, така и при доделување на сребрените и златни награди.
Во оценувањето на групата – Управување со брендот, на деветчлено жири ќе им се придружат тројца претставници на огласувачите кои ги именува Словенечкото здружение на огласувачки агенции при Словенечката огласувачка комора. Тие ќе учествуваат во првиот круг на оценување, во кој ќе се одлучува кои проекти ќе влезат во потесниот избор. .
При одлучувањето на тоа во чии раце ќе одат големите награди (Гранд При), и оваа година жирито ќе се прошири со уште три дополнителни членови од странство.