Се соочувате со празен екран, превиткани прсти врз тастатурата, подготвувајќи се да ставите нови зборови на страницата. Веќе сте на работ да направите нова креативна активност.
И одеднаш застанувате, дефокусирани од стандардните опции, традиционални активности, шаблони, стари практики кои сметате дека се најдобри. „ Секогаш сме го применувале тој начин“ – и тоа со добра причина, нели?
Копирате и лепите цели слајдови од една платформа на друга. Превземате содржини, ги преведувате на други јазици и ги прилагодувате за презентација во вашите пораки пред вашите клиенти и соработници.
Сметате дека ги следите наредбите на претпоставените, заштедувате време или пак ја демонстрирате својата интелигенција?
Всушност ја избегнувате креативноста и ја испуштате можноста да ја подобрите вашата комуникација, бизнис или професионална репутација.
Не сте сами.
Кога зборуваме со деловни луѓе на темата, што ја краде вашата креативност на работа, добиваме три одговори:
“Не сум креативен/а.”
“Немам доволно време.”
“Претпоставените не ми дозволуваат.”
Лаги, тоа се лаги.
1 Лага: Не сум креативен/а.
Зошто би лажеле за вашата креативност? Па, многу одамна можеби вашиот родител, наставник или тренер се посомневал во вас дека „не сте добри“ во пишување, танцување, пеење или боење надвор од линиите.
Поверојатно е дека никој од нив не ви рекол ништо околу тоа. Туку вас, во тоа време ви недостигала повратна информација од нив, па вие сте измислиле слика за себе дека не сте воопшто креативни. (Колку креативно од вас).
Вистината: Вие СТЕ креативни.
Секако дека сте. Сите ние сме. Да се биде креативен значи да се размислува или да се прави нешто ново. Вие размислувате, правите и испробувате секојдневно нови нешта. Прашањето е, колку далеку сакате да одите со вашата креативност?
– Thomas Edison ја измисли светилката.
– Julius Zillgitt и неговиот колега Hormel го направија SPAM (Месо/вкусен оброк во лименка, а не спам за вознемирувачки мејлови).
– Satoshi Tajiri го креира Покемон.
Ова се големи примери ширум светот за бизнисот. Можете да бидете креативни и на работното место, без разлика која е вашата позиција, порака или целна група. Размислувајте за:
- Сметководителот кој создаде табели за организација на податоците и буџетот во наредната година.
- Адвокатот кој вработил еден куп луѓе за да ја научи политиката за управување и праќање мејлови.
- Супервизорот на смена кој избегна традиционални состаноци во конференциска сала. Напротив, правеше брзи состаноци во фоаје секој петок. Луѓето се појавуваа, беа будни и поставуваа прашања.
Сите тројца пронајдоа начин за подобра комуникација и креираа бизнис бенефити како резултат.
2 Лага: Немам доволно време.
Зошто би лажеле за вашето време? Условно веруваме дека зафатените луѓе имаат поголема важност, се фалите за својот пополнет распоред, строги рокови итн. Нешто од ова е вистинито.
Колку пати сте рекле „ немам време“ како изговор, за да не си поставите некој нов предизвик над старите методи кои ги користите? Дали новиот пристап ќе ви заштеди време? Не знаете, зошто не сакате наводно да трошите време за да го пронајдете.
Вистина: Вие имате време.
Вршењето на активностите различно и на нов начин прави да станете креативни и побрзи во извршување на активностите. За да го докажам ова, кога имав работилница направив вежба со дефинирано кратко време за извршување на вежбите. На сите учесници им дадов задача да ја завршат за само три минути. Уклучив штоперица и им реков „сега“.
Без пропусти, секој од нив имаше нешто напишано на својата страна. Некои луѓе имаа неколку редови, некој цел параграф или два.
Повеќето од нив открија колку можат да бидат брзи и креативни.
Прекинете да ги уредувате старите документи и да кажувате дека немате време и сте уморни да изработите нов урнек за некој извештај, документ, предлог или било што друго.
Нареден пат кога ќе имате слободно време 15 минути меѓу состаноците, поставете тајмер од три минути. Во тоа време пробајте приказната за своја презентација да ја кажете на друг начин.
Кога тајмерот ќе заѕвони, размислете за момент и направете преглед на работата. Потоа почнете повторно. Пред да почне состанокот вие ќе имате нова идеа за говор и презентација на производите или услугите кои ги нудите.
3 Лага: Не ми дозволуваат.
Зошто би лажеле за она што е или не е можно? Порано, додека бевте доволно или повеќе храбри одевте и преку се. Предлагавте соодветни луѓе за соработка, говор, правевте телефонски повици наместо да чекате да ви одговорат на меил… И на крај сте биле искритикувани.
Можеби еднаш, можеби неколку пати, „тие“ го одбиле вашиот пристап. Па вие веднаш се откажавте и престанавте да пробувате нови методи. Зошто да правите нов креативен чекор, кога тие не се согласуваат со вашите идеи и добивате само статус кво?
Вистината: Тие ќе ви дозволат (дури можеби и посакуваат да го направите тоа).
Тука се веројатни повеќе од една вистина зад оваа лага.
Првата вистина е дека вие се плашите да се соочите со менаџерот или клиентот или надзорникот кој има тежок карактер. Тие можеби имаат искуство, податоци или полиси кои го поткрепуваат нивното знаење, стручност и позиција. Вие апсолутно треба да ги слушате нивните насоки – но не и да застанете таму каде што сте. Разберете ги нивните стравови, и бидете сигурни дека вашата идеа не е изложена на ризици. Обезбедете докази прво за себе. Презентирајте го бизнис случајот и пристапот.
Втората можност е дека „тие“ не се толку тврдоглави како што мислите. Можеби вашиот тим користи стандардни шаблони не бидејќи вашиот шеф сака, туку зошто никој друг не понудил подобра опција.
Можеби тинејџерите мислат дека нивниот извршен директор треба да размислува различно за социјалните медиуми. Можеби надреден од правен оддел никогаш не ја одобрил вашата порака, зошто не ја ни видел. Нема да знаете ако не се обидете.
Конечно, може да направите некоја креативна активност која немора „тие“ да ја „благословат“ или да ве пофалат. Разгледајте го речникот и збогатете го вокабуларот ако сметате дека вашите пораки не се добри.
Престанете да лажите.
И покрај се кажете: „Јас сум креативен/а. Имам време. Тие ќе ми дозволат.“