(Овој текст е дел од серијата лекции и совети од CareerLaunch — саем за вработување во македонски tech и стартап компании.)
Со растот на милениумската генерација во работните места, почнува да се менува и начинот колку вработените остануваат на своите работните места. Според Fast Company, се препорачува на секои 3 години да се менува работното место. Се вели дека работниците кои остануваат повеќе од 2 години на исто работно место се помалку платени за 50 проценти. Луѓето што ги менуваат своите работни места побрзо учат и се подобри во извршување на работата.
Кои се добри причини за професионална промена?
Нема што повеќе да научиш од постоечката работа. Секое работно место почнува со интензивен процес на учење и надоградба. Сепак, после одредено време работните задолженија остануваат исти, притоа не учиш ништо ново од твојот ментор на работа и голем дел од човечкиот потенцијал останува неискористен.
Сакаш да пробаш нешто ново. Можеби секогаш сте имале желба да работите на интересен проект, да започнете нова кариера или да отворите свој бизнис. Следењето на интуицијата и желбите може да не однесе до нови патишта кои професионално би не задоволиле.
Потреба за одлична атмосфера на работа. Работната средина е важна, притоа среќни работници се и продуктивни работници. Тоа добро го знаат компании како Google кои се грижат нивните вработени да се чувствуваат добро во компанијата. Доколку твојата работна средина не е дополнителен стимул за работа, нова средина во нова компанија може да биде позитивно освежување.
Позитивните работи за промена треба да ги надминуваат позитивните работи во моменталното работно место
Сепак, носење одлука за напуштање на работно место е тешко. Еден од начините кои би ја олесниле дилемата за останување или напуштање е да се направи листа позитивни работи при напуштање и позитивните работи од постоечката работа.
Помислуваш на започнување на нова кариера?
Дознај повеќе за отворените позиции за работа на CareerLaunch.