Како генерален директор на компанијата, најверојатно добро ги познавате вашите производи, понуда на услуги како и целокупните планови за раст внатре и надвор од неа. Но, дали знаете колку добро приказната за вашиот бренд позитивно и прецизно е перципирана и пренесена?
Кога станува збор за она што навистина ја движи компанијата (маркетингот), важно е да одговорите на прашањето колку длабоко инволвирани сте во овој многу важен елемент за успехот на вашата компанија? Дали маркетингот на вашата компанија ја артикулира вредноста која им ја пренесува на вашите клиенти? Дали тој комуницира за уникатноста на брендот на концизен и релевантен начин, и дали ја опишува суштината на културата на основните вредности на компанијата?
Ова всушност претставува маркетингот, но пред ова многу извршни директори се уште ‘’замижуваат’’.
Доколку сте повеќе во тек со информациите околу спецификациите на вашиот производ, отколку со приказната за вашиот бренд, Вие се вбројувате во листата на извршни директори кои тие обврски и задачи ги пренеле на одделот за маркетинг. Но, дури и доколку сте ги вработиле најпрестижните,најдобрите и најпаметните експерти и креатори на содржини, Вие сеуште сте клучните играчи за остварување на комуникациските напори на вашата компанија.
Доколку сеуште се борите за да ги согледате моќите на добриот маркетинг, можеби се уште верувате во неколку чести заблуди за маркетингот.
Мит бр. #1: Маркетингот е одговорен за брендот на компанијата.
Доколку верувате дека маркетингот е одговорен за успехот или неуспехот на вашиот производ, тогаш сеуште не заете колку само се менува и сегментира овој концепт денес. Размислувајте за маркетингот од оваа перспектива: маркетингот е објективот преку кој клиентот ја гледа вашата фирма. Еден мал допирен дел од вашите напори за добар маркетинг на пример може да биде и една обична Facebook реклама, и тоа да биде сè што вашите клиенти може да го видат за вашиот бренд.
Маркетингот е доста широко подрачје, тој е истражување кое ја дефинира вашата целна публика, тој е стратегија, тој е извршување на таа стратегија во форма на порака (или пораки). Маркетингот е се она што треба да и пренесете на јавноста за тоа што го продавате.
Односи со јавноста и рекламирањето се вклопуваат во една севкупните маркетинг стратегии доколку одлучите истите да бидат вклучени. И двете стратегии ќе користат содржини за да комуницираат на различни начини.
Но, бидејќи маркетингот е толку сеопфатен и репрезентативен за тоа кои сте вие како компанија, невозможно е го управувате својот бизнис и да се дистанцирате од се она што маркетингот го може и го прави за компаниите. Без разлика дали ви се допаѓа или не, како извршен директор, Вие сте дел од вашиот бизнис маркетинг план.
Мит бр. #2: Не е неопходно за извршните директори да бидат вклучени во активностите поврзани со социјалните медиуми на компанијата.
Кога станува збор за потребата да бидете дел од вашата маркетинг стратегија, преземањето на активно учество на социјалните медиуми како канали за комуникација не е само добра тактика, но е и знак на добро лидерство. Често на овие извршни директори се гледа како на сигурни и искрени луѓе.
Да, добро испланирани и релевантни твитови и ажурирања на статуси на редовна основа не само што обезбедуваат да се поврзете со клиенти, но и во поголемите компании, може да ви помогнат да го преминете културниот јаз меѓу вас, вашите вработени и вашите инвеститори. Во време на криза но и во време на добри вести, како лансирање на нови производи или вести за нови партнерства, луѓето сакаат да ја слушнат приказната директно од компаниските лидери.
Мит бр. #3: Добриот маркетинг значи дека продажбите ќе се остварат сами по себе
Без разлика колку стратешки и да звучи или пак колку и креативно да е извршен, маркетингот не може да сам по себе да ги отстрани сите неуспеси од продажната инка –ниту пак тоа да се очекува од него да биде направено. Тој не ја диктира должината на процесот на купување. Тој не треба да се користи како изговор за лошото корисничко искуство на Интернет на пример. Тој не може да го преземе местото и улогата на тимот за продажба.
Добар маркетинг може да го доведе процесот на продажба до моментот на продажната инка, може да продолжи онаму каде што завршува делот на тимот за продажба и преку пренесување на приказната на брендот да допринесе до затворање на продажбата.
Мит бр. #4: Маркетингот сам по себе може да му помогне на ‘’слабиот бренд’’
Потрошувачите станаа ‘’скептични експерти’’. Со толку многу слични производи кои се натпреваруваат во ист простор и пазар, најдобриот слоган не победува. Вашиот маркетинг треба да рефлектира културата на вашата работна средина, а овој пристап започнува од самиот врв.
Незадоволство, нелагодноста и стерилноста на брендот не може да бидат покриени со среќен рекламен спот, банер или сингл. Денешните потрошувачи умеат да погледнат и преку целата таа среќна слика која се обидувате да ја презентирате. Доколку во моментот се борите со лоша репутација, прво поправете ја својата репутација па потоа утврдете ја својата маркетинг стратегија.
Маркетингот е суштински дел од сложувалката која го прави бизнисот успешен. И покрај тоа што може да се ангажираат експерти, вие како генерален директор потребно е да го разберете целокупниот процес пред да зборувате за тактики и стратегии.
Одвојте време за да научите нешто ново од вашиот тим. Слушнете ги неговите потреби и помогнете му кога тоа му е потребно. Не бидете како и многумина кои слабоста и неуспесите на компанијата ги префрлате само на маркетингот.
Запомнете вие сте главниот дел од компанијата!