На својата голема годишна конференција, Apple соопшти дека отвара голем број од своите клучни продукти за надворешни девелопери во потег со кој се надева дека понатаму ќе се развива, и ќе држи чекор со Amazon, Facebook и Google.
Apple соопшти дека компанијата ќе започне да им дозволува на девелоперите да “градат” врз база на нивните постоечки производи како Siri, iMessage, Maps и следната верзија на iOS.
“Нашата ѕвезда-водилка секогаш била подобрување на животите на луѓето преку создавањето на одлични прозиводи кои ќе го променат светот,” изјави Тим Кук, CEO на Apple.
Ова се четирите најзначајни нови објави на Apple:
1.Siri се префрла и на Mac
Siri, виртуелниот асистент на Apple на iPhone и Apple Watch, наскоро ќе биде достапна и за Mac десктоп и лаптоп компјутери. Пристаплива од десктопот, менито или тастатурата, Siri ќе им помага на корисниците да бараат фајлови, забелешки, планирани состаноци или да прима повици преку Facetime.
Не само што Apple ќе ја префрли Siri и на Mac, туку ја отвори Siri и за девелоперите на различни уреди. Девелоперите ќе можат да интегрираат апликации за забава и услуги како Slack, WhatsApp, Uber и Pinterest, кон кои ќе може да се пристапува преку Siri. Apple истакна дека Siri веќе одговара на повеќе од 2 милијарди барања неделно од корисниците.
Потегот да се отвори Siri ќе му овозможи на Apple подобро да се натпреварува со Amazon и Google, кои веќе имаат персонални асистенти отворени кон надворешни девелопери. И двете компании имаат хардвер кој оди со тоа.
2. iMessage ќе биде отворен за девелопери
Apple наскоро ќе им овозможи на девелоперите да работаат и со iMessage. Овој потег треба да му овозможи на Apple да држи чекор со сервиси за порки како Facebook Messenger и WhatsApp кои веќе дозволуваат интеграција за услуги како повикување на возило преку Uber. Овој потег може да биде еден чекор понапред кон ‘отворање на портите’ за iOS чет-ботови.
3. Apple Music ќе добие нов изглед.
Apple Music – продолжувајќи го својот натпревар со стриминг сервиси како Spotify и Tidal ќе добие целосно нов дизајн кој ќе излезе со iOS 10. Целта, според Apple, е да се даде “поголема прегледност и едноставност” на сервисот, кој сега има 15 милиони претплатници.
4. И Apple News истотака
Apple News, кој има 60 милиони корисници, ќе добие нов изглед. Со редизајнираната апликација, Apple додава и начин за организирање на вестите и наоѓање на статии, како и добивање нотификации за вести при затворен екран (слично како сега затворената Notify апликација на Facebook.) Ќе бидат додадени и платени претплати.