Се чувствувате исцрпено, празно и без ниту една креативна мисла? Си мислите, “што да правам“?
Сте пробале баш се. Да станете артист, автор, презентер, маркетинг консултант… Во моментот кога ви била потребна брилијантна идеја, концепт или вистински зборови со кои ќе ја “фатите“ публиката, вашиот мозок не работи и не може да размислува за ништо. Се форсирате и стоите во место, а секоја идеја што ќе произлезе чувствувате дека не е доволно добра или пак е смешна.
Па, имаме добри вести. Ова се случува дури и на најкреативните умови. Уште подобро кажано, оние чии средства за живот или углед зависат од нивната следна успешна новелаи со идеја.
Еве како маркетинг умовите водат битка и се справуваат со овие блокади на креативноста и истовремено остануваат на врвот.
Пит Фават, главен креативен директор на Deutsch North America – со претставништва во Њујорк и Лос Анџелес
Негови клиенти се: Тако Бел (Taco Bell ) и Volkswagen
“Ајде да направам нешто што никогаш не сум го направи досега“. “Соочете се со нештата. Во моментов ние сме во трка со интернетот и опшата јавност која стана подобра и од маркетинг агенциите, а воедно и наша конкуренција. Не го користете само рекламирањето како средство за влијание врз публиката – ќе си поставите замка самите на себе. Бидете оригинални за нештата и новостите брзо да се споделуваат. Станете како сунѓер кој прима информации и бидете непрекинато љубопитни. На таков начин никогаш нема да се појават креативни блокади.“
Арон Санчез , Заменик креативен директор во Cutwater – Сан Франциско
Негови клиенти: Brawny, Peets Coffee & Tea, Jeep, Ray Ban,и LensCrafters
“Моите најголеми мотиви доаѓаат од љубопитноста. Кога бевме мали имавме безгранична имагинација. Но, правилата, стравовите и инхибициите ги потиснаа.
Со тоа што сум секојдневно љубопитен, собирам повеќе и повеќе информации кои се поттик за нови креативни идејни решенија.
“Љубопитноста ме води кон нови светови, и делува на потсвеста и мојата инспирација“. Само што завршив еден проект. Задолжен бев да дадам предлог за три различни реклами. Се сетив дека, од еден претходен проект имавме примерок во кој имаше нешто интригантно.. Комерцијалните директори беа многу заинтересирани баш за таа интригантност која не натера да го сработиме овој проект многу добро, за тој подоцна да испадне повеќе од очекуваното“.
Мајкл Харт,Основач и Креативен директор на маркетинг агенцијата “Мono“ – Сан Франциско
Негови клиенти се: Pepsico, Google, Walmart и Sperry
“Додека ние отсекогаш сме ја вреднувале вистинската работа и животниот баланс, пред 6 години преминавме на следно ниво и го креиравме она што ние го нарекуваме “Летниот сон на Моно“.
За период на една цела недела од 4ти јули комплетно ја затворивме целата компанија. Тоа беше период во средината на летото кога сите клиенти и соработници сакаат да се одморат, да поминат повеќе време со фамилијата, да се исклучат скрос од било какви активности и комуникација или да се наспијат. За разлика од повеќето одмори кои сме ги имале, кога во позадина останатите колеги ја работа вашата работа во отсуство и целокупната работа продолжува, овојпат беше сосема различно. Работата комплетно застана. И, прекрасно беше. Потоа се вративме назад на работа со наполнети батерии и идеи полни креативност. “
Кортни (Courtney Buechert), Извршен Директор на МА “Единаесет“
Негови клиенти се:Apple, Virgin America и Lyft
“Креативните блокови може да се појават заради премногу размислување или неможност да се најдат потребните соодветни информации. Во “Единаесет“ ги охрабруваме луѓето да направат “пауза“ кога вложуваат напор за нешто што не покажува ефект, и да најдат нова стимулација – без разлика дали вработениот на одредено време ќе се придружи на тим од друга маркетинг агенција за да научи новитети или да стекне друго искуство, можеби да одат на кино, концерт, настан и сл..
Едноставно кога сме на кафе и седиме во некој бар ги слушаме разговорите на останатите, па така можеме да дојдеме до наплив од идеи. Што значи, не треба да се фокусираме да станеме само маркетинг луѓе кои размислуваат и се посветени на реклами, туку да се вратиме некогаш во светот на антрополозите. Кој пристап сметате ќе функционира за вас? Дали имате некое друго решение?