Home » Во фокусот » 40% од потрошувачите посакуваат e-mail пораките од брендовите да бидат помалку промотивни, а повеќе информативни

40% од потрошувачите посакуваат e-mail пораките од брендовите да бидат помалку промотивни, а повеќе информативни

На потрошувачите им здосадија промотивните e-mail пораки кои не се доволно информативни или се ирелевантни, но сеуште претпочитаат да добиваат е-mail понуди од брендовите во споредба со директната пошта, огласите во мобилните апликации или социјалните медиуми. Ова се заклучоците од најновото истражување на компанијата Adobe, насловено како Adobe Consumer Email Survey, кое е направено на 1.007 испитаници од бизнис светот.

Покрај тоа, половина од потрошувачите сметаат дека огласувачите премногу често им испраќаат мејлови.

Подолу погледнете уште неколку заклучоци од истражувањето на Adobe кои би требало да бидат интересни за огласувачите.

  • 20% се фрустрирани заради чекање да им се вчитаат сликите
  • 19% не се задоволни што мораат премногу да скролаат
  • 26% од потрошувачите прво проверуваат e-mail наутро додека се сеуште во кревет, што е за 28% помалку во однос на една година претходно
  • Ова би требало да ги интересира B2B огласувачите: се повеќе луѓе се одјавуваат после работа. 20% “никогаш не го проверуват” службениот e-mail надвор од работното време, што е за 43% повеќе отколку пред една година
  • Ево нешто и за фитнес огласувачите: 28% од потрошувачите на возраст од 18 до 24 години проверуваат e-mail додека вежбаат, во споредба со 16% од вкупните потрошувачи

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365