Милениумците го одолговлекуваат бракот и започнуваат семејства подоцна во својот живот, но постои едно нешто за кое не чекаат: нивното прво домашно милениче.
За многумина на возраст од 20 до 36 година, крзнените животинчиња се многу повеќе од слатки придружници – тие се ‘деца за почетници’.
Едно скорешно истражување од агенцијата за бизнис решенија Gale откrи дека 44 проценти од милениумците гледаат на своите миленичиња како “вежба” за имање деца, од кои, 21 процент истакнале дека тоа е главната причина поради која се одлучиле да вдомат животно, додека пак останатите 23 проценти изјавиле дека тоа е една од неколкуте причини. Минатата година, Вашингтон Пост објави статија според која барем три-четвртини од Американците во своите 30-ти години поседуваат куче, а нешто повеќе од половина – мачка.
Според маркетерите, општата прецепција кон милениците се променила со оваа генерација, а тие можат да ја искористат перспективата ‘миленици како деца’ во своја полза.
Според едно истражување на Wakefiled Research, милениумците размислуваат поинаку за она што е “есенцијален” производ за своите миленици. Три-четвртини од милениумци вклучени во студијата изјавиле дека поголема е веројатноста да потрошат пари на некој производ за своите миленици отколку за самите себе.
Студијата забележа дека за милениумците е многу важно производите да бидат направени од органски и природни материјали кои не предизвикуваат алергии кај милениците. Всушност, 86 проценти од милениумците одговориле дека природната храна е клучна кога е во прашање нивниот миленик.
Сопствениците на миленици кои живеат во градови преферираат достава до дома кога е тоа можно. Оние кои ги сметаат своите миленици за деца имаат волја и трпение да вложат време во истражување и одлучување дали некој бренд е соодветен за нивниот миленик, а многумина следат и инфлуенсери за миленици (petfluencers) на социјалните медиуми за да се во тек со новите трендови.
Нивните лични искуства ги споделуваат со други, така што услужливиот однос спрема нив може да истакне некој бренд. Бреднот за храна за миленици Chewy, на пример, предизвика постивни медиумски реакции откако им спрати подароци на сопствениците кои ги изгубиле своите миленици.
Како што брендовите се стремат да направат разлика во светот на домашните миленици и да ги следат дигиталните трендови, така сопствениците на миленици ја препознаваат моќта која брендовите може да ја имаат во нивните животи.