Home » Digital » 5 алатки кои ќе Ви помогнат визуелно да ги подобрите Вашите социјални медиуми.

5 алатки кои ќе Ви помогнат визуелно да ги подобрите Вашите социјални медиуми.

Гостинска статија на Владимир Шапардановски.

Слободни и бесплатни фотографии

Ако барате фотографии со висока резолуција кои слободно можете да ги превземете без никаква надокната, Ви предлагам  две веб страници кои го нудат тоа

Првата е Unsplash, која има голема архива на фотографии. Малку треба да се намачите додека ги најдете  тие што Ви се потребни. Нивното мото „Правете што сакате со нив“

Втората страна е New Old Stock, каде што можете да најдете стари фотографии кои се јавни и слободни за користење.

И кај двете страна е лошо тоа што нема пребарување по теми или категории. Ќе морате рачно да ги прегледате сите слики.

fotografii

Привлечете го вниманието со анимирано видео

PowToon е многу добра и едноставна апликација за да направите видео презентација на Вашата фирма или Вашиот производ. Публиката  се повеќе ги интересира видеа и ова е добра прилика да направите нешто интересно. Се што Ви е потребно е малку креатива и големо трпение.

Доколку не сакате да креирате видео од почеток, PowToon Ви нуди неколку готови примери каде што ќе можете да ги искористите. Неколку големи компании ја користат оваа алатка меѓу кои Starbucks, Cisco, Ebay и над 3 милиони мали бизниси.

videa2

Едноставна и брза графика

Canva е една од најомилените алатки на тие што се задолжени за содржината на социјалните медиуми. Едноставна и брза алатка за изработка на фотографии. Можете да изберете од  1 милион понудени фотографии, фонтови, позадини и готови примери. Можете да ја употребите за Вашата страна, блог, да дизајнирате визит карта, флаери и многу корисни материјали.  На почеток може да делува збунувачки но кога ќе ја научите, лесно ќе креирате одлични фотографии.

canva 2

Зборови на мудроста

Иако јас не ги сакам многу цитатите што вртат низ социјалните медиуми, но сепак се многу популарни и доста споделувани. За тоа Ви ја препорачувам  QuotesCover. Можете да одберете од понудените цитати или да внесете некој Ваш. Проблемот е што не подржува кирилица, ќе мора да напишете нешто на латиница или да употребите цитат на друг јазик. Можете да употребувате различни фонтови, дизајни и што е од голема помош Ви дава да одберете дали ви е потребно тоа за насловна на Facebook, Twitter, Pinterest, Google + или др.

quotes cover

Вашиот производ и слика од друг агол

Со  Placeit можете да ги прикажете Вашите производи од еден друг поинтересен агол. Се што треба е да одберете еден од готовите темплејти и да ја поставите Вашата слика.  Тука можете да најдете различни можности, луѓе како употребуваат различни уреди дома, на работа или на одмор. Добро е што оваа алатка е бесплатна, лошото е што самата поставува жиг и ја прави фотографијата помалку достапна. За отстранување на жигот се наплаќа во зависност од димензијата која Ви е потребна.

placeit

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365