Како да го направите вашиот маркетинг поблиску до потребите на корисниците
Ако навистина сакате да се приближите до вашите клиенти, мора да размислите за речиси сè што правите. Еве од каде да почнете.
Отстранете ја организациската шема
Трансформирањето на вашата организација за да биде поагилна и повеќе подготвена да одговори на потребите на корисниците, значи преиспитување на начинот на организирање на внатрешните тимови и распоредување на талентите.
Првиот чекор е одвојување на проектите од организационите единици и изградбата на ад хок тимови за справување со одредени предизвици, вели Кристофер Рос, директор за истражување групацијата за дигитален маркетинг Gartner.
Компаниите треба да ги преиспитаат основните премиси на нивниот организациски дизајн, додава Ноам Парански, потпретседател за дигитал во компанијата Gap Inc.
“Секоја организација треба да размислува за начинот на кој се организирани, а потоа за нивните клучни таленти и како оваа трансформација може да ги вклучи клучните членови на организацијата, кои се во состојба да ги оживеат овие напори“, тврди тој.
Исчистете го своето портфолио
Типична пречка за целосно предавање на трансформацијата е тоа што агенциите и маркетинг тимовите веќе имаат премногу обврски за да можат разумно да се справат со нив. Но, тоа е лош изговор, вели Рос.
“Една од вообичаените поплаки што ги слушаме од маркетинг организациите е дека се преоптоварени со работа“, вели тој. “Но, никогаш не си земаат време да погледнат наназад и да ги исклучат сите оние маргинални или средни проекти. Ослободете се од овие работи“.
Погледнете надвор од вашата индустрија
Компаниите кои имаат најголем успех во трансформирање обично бараат инспирација и иновации надвор од својата основна дејност, забележува Брајан Солис, главен аналитичар во компанијата Altimeter.
“Компаниите кои најмногу ме импресионираат се оние што гледаат надвор од својата индустрија со цел да пронајдат иновации како што се Starbucks и Domino’s, вели тој. ” Starbucks се смета за компанија која се занимава со мобилна технологија; а Domino’s сака да биде Амазон во сферата на пици. Тие сфаќаат дека мора да мислат како таков вид на компании, за да се натпреваруваат со такво темпо“.
Подгответе се за гужва
Организациите навистина не сакаат да бидат реорганизирани и кога луѓето ќе ги натерате да излезат од нивната удобна зона, тие обично се чувствуваат непријатно. Затоа, очекувајте отпор од сите страни, вели маркетинг директорот на компанијата Monotype, Брет Цукер.
“Секогаш постојат антитела кои се борат со промени“, вели тој. “Морате постојано да се потсеќате себе си зошто го правите тоа. Никогаш не смеете да си дозволите да бидете во позиција каде што немате избор. Ако не сте свој сопствен застапник на промени, некој ќе дојде и ќе ги направи овие тешки одлуки за вас “.
Престанете со одложувања
Дигиталната трансформација не е нов систем за планирање на ресурсите (ERP) или систем за управување на односите со клиентите кои го имплементирате еднаш и не размислувате за тоа во следните 10 години; тоа е нов оперативен модел кој ве движи напред. Затоа, не губете време на долгорочно планирање и на процесот на воспоставување на системот, вели Енди Пиблер, генерален директор на CloudCraze, што создава Salesforce платформи за е-трговија за брендови како што се Кока-Кола и др.
“Реалноста за дигиталната трансформација е тоа што никогаш нема да заврши“, вели тој. “Затоа, одлучете со која група на клиенти сакате да работите и идентификувајте ги видовите на интеракции кои најпрво сакате да ги префрлите во дигитни и почнете со работа. Тоа е најважно“.