Имајќи ги на ум сите луѓе што не можат да живеат без серии, своите досегашни корисници, но и целокупната популарност на бинџувањето серии што зеде замав последниве години, Pickbox одлучи на сите што го сакаат тоа да им подари попуст од 50%. Ако си тоа што мислиме дека си, човек на 21-виот век, кој пред екранот поминува барем половина од својот ден, а од тоа барем два часа за сопствено задоволство, тогаш оваа акција може да те заинтересира. Да, да, баш тебе… Само продолжи да читаш.
Како до попустот?
Во основа, сѐ што треба е да ги сакаш сериите, да ја посетиш страницава www.pickbox.mk/intro-promo/ и да ги следиш упатствата. Се регистрираш, го одбираш пакетот што најмногу ти одговара (во понудата има пакети од еден месец, за половина година и за една година) и гледаш колку сакаш. Ако дома имаш повеќе екрани или можеби кавгаџии во семејството, кои секогаш сакаат да гледаат по свое, можете истовремено да ја гледате секој својата серија. Ти „Billions“, а баба „Дадилка“. Ти „Bull“, а тато „Сплетки“. Или ако имаш пријатели што ги сакаат сериите, износот од 50% можете и да го поделите на половина, па секој ќе гледа што сака и Pickbox секој од вас тогаш ќе го чини колку едно кафе.
Е да, ако не спомнавме дека за сето ова ти треба интернет, тогаш планирај го и тоа. Љубовта кон серии, интернет и 149,50 МКД. За гледање серии без ограничување и без реклами, тоа сигурно можеш да си го дозволиш!
Што да гледаш и што уште можеш да си дозволиш за тие пари?
На Pickbox можеш да гледаш многу работи, од серии, филмови и цртани, но тоа што можеби најмногу ќе те израдува се новите серии кои тукушто се прикажуваат во Америка, како криминалистичката серија „Моќ“ (Power) и музичката драма „Нешвил“. Секој што има деца во семејството ќе биде воодушевен од навистина големиот избор на цртани од „Дизни“. Тоа се десетици прекрасни детски филмови, а само некои од нив се: „Автомобили“, „Авиони“, „Херкул“, „Ѕвонарот на Богородичната црква“, „Дамата и скитникот“, „Лило и Стич“, „Чудовиштата на факултет“, „Пинокио“…
Доколку сакаш други типови забава, особено преку лето, ти издвоивме неколкуте генијални работи што можеш да си ги купиш. Но, сепак навиваме тоа да биде претплата на Pickbox.
Наместо еден месец на Pickbox (149,50 МКД) можеш да купиш:
- Одвратно скапо кафе во некој приморски град во врвот на туристичката сезона
- Лева или десна влечка; но не и двете
- Евтино љубовно романче на трафика
Наместо половина година Pickbox (799,50 МКД) можеш да купиш:
- Горе-долу 13 црвени рози кои ќе ти издржат околу 7 дена во ваза
- Малку поевтин шатор за на плажа
- Комплет од детски штитници за ролерки
Наместо една година Pickbox (1499,50 МКД) можеш да купиш:
- Канаринец на интернет (кафезот е гратис)
- Старовремски безжичен рутер со една LAN-порта
- За малку, летна гума за автомобил
А можеби навистина можеш да се откажеш барем од едно кафе или од половина влечки и да се наградиш со неограничено гледање филмови и серии без реклами, кое ќе ти трае подолго од овие работи… Замисли каква можност! За сите дополнителни информации, контактирај преку info@pickbox.tv и искористи го овој супер попуст!