Home » Во фокусот » 6 Најважни теми за кои ќе се зборува на NEM оваа година

6 Најважни теми за кои ќе се зборува на NEM оваа година

Освен бројните можности за бизнис познанства, преговори и пред се` добро поминато време, NEM е одлично место за уште една важна работа – учење. New Europe Market е конференција ориентирана кон медиумите, а оваа година ќе се дискутира за различни теми кои се воглавно поврзани со променливите трендови во телевизиската индустрија. Иако туристите најчесто доаѓаат во Дубровник заради неговите тврдини и историското значење, овај град во месец јуни се претвора во бизнис центар. Ако сте на било кој начин поврзани со забрзаниот свет на медиумите, ова е местото на кое мора да бидете од 12-15 јуни.  

Донесуваме шест теми за кои ќе се дискутира оваа година на NEM – не пропуштајте!

Да зборуваме за free-to-air каналите и нивното преживување

Панел: Преживејте ги сите неуспеси: што може FTA каналите да ве подучат?, 13.06., 10:30 – 11:15

Говорници: Pete Smith, Matthias Settele, Petr Dvorak, Ivana Miković и Kazimir Bačić

Од одличните говорници како Pete Smith и Petr Dvorak ќе дознаеме дали free-to-air каналите се и понатаму популарни помеѓу ТВ популацијата како што беа некогаш. Со оглед на тоа дека нивните главни конкуренти се PayTV каналите и SVOD, кријат ли FTA каналите некоја тајна за преживување за која не знаеме, иако нивната публика значајно се фрагментирала? На овај динамичен панел ќе дознаеме дали FTA каналите се загрижени во денешното време и како се носат со исклучително големата конкуренција во индустријата.

Стануваат ли eSports закана за традиционалните спортови?

Панел: eSports: следна голема работа, 13.06., 11:45 – 12:30

Говорници: Michiel Bakker, Johannes Neuschmid, Marcus Meyer, Tom Henderson, Mihajlo Jovanović-Džaril, Sam Gale

Телевизиската индустрија се менува брзо, а eSports се само еден од новитетите кои се појавуваат. Благодарение на технологијата, eSports напредуваат брзо, но и брзо заработуваат. На панелот за eSportѕ, говорниците ќе разговараат за новите предизвици кои eSportѕ ги става пред традиционалните телевизиски медиуми.

Треба ли на телекомуникациските компании да им се забрани поседување на ТВ канали?

Панел:Регулативни неправилности: Оператори vs закони, 13.06., 15:45 – 16:30

Говорници: Nikola Francetić, Simon Slonjšak, Laima Zivatkauskaite, Mario Weber, Nataša Rapaić

Во постојаната борба за профит, телекомуникациските компании неодамна почнаа да нудат телевизиски услуги и почнаа да претставуваат закана за традиционалните дистрибутери на ТВ содржина. Зошто некои земји и нивните закони им забрануваат на телекомуникациските компании сопствеништво над ТВ каналите? Кои се искуствата на телекомуникациските компании кои поседуваат свои канали? Доколку корисниците се задоволни со новата генерација „теле-ТВ“, дали е тоа ултимативно лоша работа?

Што навистина значи да се стават корисниците на прво место?

Панел: Корисниците на прво место, 14.06., 11:30 – 12:15

Говорници: Boris Trupčević, Guy Bisson, Carmen Alzner

Барањата на корисниците се зголемуваат и постои постојан притисок да се биде во чекор со новите барања. Откако компаниите започнаа да ги ставаат приоритетите на корисниците пред се` друго, постои постојана потреба за нови и иновативни идеи. Заради можностите кои им се достапни, дали корисниците станаа разгалени? Или компаниите се насочени кон продуктот на модерното време, кога само воспоставувањето на искрени комуникации, значи здрава врска на релација компанија – корисник?

Како се менува процесот на донесување одлуки?

Панел: Дозволете да изберам наместо вас, 14.06.,  15:15 – 16:00

Говорници: Sebastian Wernicke, Tony Gunnarsson, Nick Zhao, Richard John Brešković, Meelis Lukka

Компаниите денес имаат на располагање големи количини на податоци, кои ултимативно доведуваат до донесување на комплексни одлуки.  Челниците на компаниите бараат најдобар начин за донесување на големи одлуки, а новите технологии овозможија нови увиди. Во овај момент, аналитички втемелените системи за препорачување можат да бидат корисни во однос на брзината, проактивноста и ризик факторите. Но сеедно, може ли ослонувањето на големата количина на податоци понекогаш да биде штетно?

Внимавајте: стигнуваат нови ТВ канали

Панел: Не можете да ме запрете: моќта на ТВ каналите  15.06., 11:00 – 11:45

Говорници: Karin Heijink, Mike Moriarty, Bartosz Witak, Salim Mukaddam, John Rossiter

На панелот посветен на ТВ каналите, говорниците ќе се вклучат во дискусија за појавата на новите ТВ канали. Луѓето можат да бираат помеѓу неверојатно големиот број на ТВ канали и секоја може да пронајде нешто за себе. Во понуда се многу ТВ канали, но има ли простор за нови? Можат ли новите канали да бидат конкурентни и доволно иновативни да ги заменат постоечките?

Сите новости поврзани за овогодишниот New Europe Market можете да ги следите на официјалната страна на конференцијата , како и на социјалните мрежи: Facebook, Twitter, Instagram и LinkedIn.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365