Home » Digital » 8 причини зошто Инстаграм би бил добар за Вашиот бизнис ?

8 причини зошто Инстаграм би бил добар за Вашиот бизнис ?

Гостинска статија на Владимир Шапардановски.
Дали сте размислиле да отворите Инстаграм профил за Вашиот производ или компанија?
Во продолжение на текстот ќе се обидам да Ви дадам 8 причини зашто треба да го направите тоа и зошто треба дел од Вашите ресурси да ги пренасочите на оваа брзо растечка социјална мрежа.
instagram logo
1. Иако е многу млад социјален медиум веќе 71% од големите светски фирми се наоѓаат на Инстаграм и ги рекламираат своите производи и услуги. Топ 3 брендови на Инстаграм се: Nike, Starbucks и Adidas Original
2. Опсегот на постови на Инстаграм е за дури 15 пати поголем од Facebook и 40 пати поголем од Twitter.
3. Велат дека една слика вреди 1000 зборови. Доколку имате производ преку кои можете да ја пренесете пасијата на визуелна слика, тогаш Инстаграм е вистинската мрежа за Вас.
4. Преку Инстаграм можете да дадете комплетна друга маркетинг насока на Вашиот производ. Можете да прикажете што се случува „позади сцената“ односно целиот процес на производство. Многу ќе им значи на Вашите клиенти да им покажете како се изработил или како настанал Вашиот производ, така ќе ја зголемите довербата.
5. Или можете да покажете една друга страна на Вашиот бренд. Тоа можете да го направите преку употреба на хумор во Вашите слики.
6. На Инстаграм можете да поставите 15 секунди видео. Доколку додате малку креација преку различните филтри можете да добиете одлична видео реклама.
7. Можете и вие да ги следите Вашите фанови што би довела една блискост и да им покажете дека се грижите за нив дали било преку оставање на коментар на нивните слики или едноставно „лајкување“.
8. За последно ќе го оставиме едноставен за употреба, се што Ви треба е паметен телефон и доволно креатива.
Со 300 милиони корисници од кои повеќе од 70% се надвор од САД, се надевам е доволна причина Вашиот настап на социјалните медиуми да го проширите и да отворите Инстаграм канал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365