Во склоп на прославата на 90 години од постоењето на Скопско, пијалокот што “живот значи“, денеска беше лансирана новата ТВ реклама која ја промовира новата “Роденденска колекција“ на специјално дизајнирани шишиња.
“Роденденската колекција“ може да се најде во сите поголеми супермаркети низ Македонија во пакет од 4 неповратни шишиња.
Деведесет години дел од секоја маса, од секој ресторан, кафуле, дискотека. 90 години причина плус за средба со пријателите, 90 години се бара уште едно повеќе.
Спој на шареноликата младост и мудрата старост, 90 години синоним за пулсот на Македонија ! Навистина одличен ТВ спот на Скопско.
Привилегијата да ја изработи оваа ТВ реклама ја имаше агенцијата МекКен Скопје.