На 11 јануари 1930 година излезе првиот број на магазинот Advertising Age
Магазинот настана за време на Големата економска криза, во време кога потрошувачката на населението опадна за 41%. Меѓутоа, од други фактори моментот беше поволен, како на пр. подемот на радиото. Тоа е истовремено и највпечатлива рекламна приказна од 1930-тите. Огласувачите многу лесно можеа да стигнат до купувачите низ целата земја. Во 1929 година, две радио мрежи во САД оствариле вкупен приход од 18,7 милиони долари. До 1939 година, приходите пораснале на околу 80 милиони долари, според сопствените податоци на Ad Age.
Магазинот Advertising Age, кој го смени своето име во Ad Age во 2017 година, не е првата публикација која била посветена на маркетинг на производи и услуги. Тоа биле Printers’ Ink и Advertising & Selling, меѓутоа, мисијата на Advertising Age беше да истражува подлабоко во оваа област.
Денес, во магазинот Ad Age можат да се најдат вести од областа на маркетинг, рекламирање, агенции, медиуми, разни анализи и истражувања, општи случувања кои влијаат на маркетингот, а со тоа и на рекламирањето.