Младен Чадиковски е нов Главен и одговорен уредник на 24 Вести, ексклузивно дознава Маркетинг365.
Чадиковски на оваа позиција доаѓа од директорското место во неделникот “Фокус“ каде беше изминатите пет години.
Со оваа промена се очекува “24 Вести“ да добие вистинско засилување и програмско освежување знаејќи го неговиот бекграунд како долгогодишен новинар и главен уредник во некогаш најгледаната приватна телевизија А1.