Меѓународниот фестивал на креативност 23-иот по ред Голден Драм на вториот ден пред публиката се претстави со голем број на говорници кои ги инспирираа присутните со своите обраќања на замокот Љубљана. Долго очекуваното обраќање на Синди Галоп ги надмина сите очекувања.
Греам Ланг, главен креативен директор на Y&R Јужна Африка и Африка и претседателот на жирито за најдобро решение, го започна својот говор со интересен цитат: “Светот е прилично лудо место. Постојат неверојатни проблеми “, при тоа нудејќи им на делегатите решенија за сите презентирани случаи.

Иван Станковиќ, основач на „Communis“ од Србија, ги сподели неговите живописни приказни со делегатите и ги потсети да се следат себе си: “Започнете со себе, признајте си ги грешките, потоа обидете се да ги поправите. Доколку си ги прифатите границите можете и да ги надминете. Не мора тоа да го направите јавно; потребно е да си го признаете тоа на себе си. Подобро е да ве мразат за она што сте отколку да ве сакаат за она што не сте. Не се искачувајте за да ве видат другите, искачете се за да го видите светот.”

На почетокот на секој проект потребно е да размислуваме за музиката и колку е таа стратешки важна да ја инкорпорираме во рекламите, нагласи Ули Рис, претседател на „iV2“ од Германија: „Вака треба да изгледаат денес брендовите. Ги затворате очите и веднаш знаете за кој бренд се работи“.
Себастијан Хејновски, Главен извршен директор и Зофиа Бугајна, директор за развој на бизнисот во „MSLGROUP“ за Централна и Источна Европа од Полска, ја претставија иднината на ПР индустријата, која според нив не изгледа многу светла. Според нив револуцијата во ПР индустријата е доведување на големи промени и единствено решение е соработка. „Односите со јавноста треба да се интегрираат со рекламирањето и социјалните медиуми, тие е потребно да функционираат „рака под рака“, објаснија за време на своето излагање.

Историјата на иднината беше дискутирана од страна на Владимир Чех, основач на Институтот за историја на рекламирањето од Србија, Марко Иван Пекица, комуникациски предавач од Хрватска, Јернеј Реповш, регионален креативен директор во Студио Маркетинг од Словенија, а Екрем Дупановиќ, основач и главен и одговорен уредник во Медиа Маркетинг и Art & Business од Босна и Херцеговина: »Луѓето кои работат во агенциите им станаа робови на своите клиенти, кои скокаат од конкурс на конкурс. Рекламната индустрија е полна со страв, страв од агенциите да не ги загубат своите клиенти и страв од клиентите дека може да ги загубат своите добро платени работни места. Но, сепак, рекламната индустрија дефинитивно има иднина, но таа мора да се врати кон своите основни вредности“.

Ема Вилки, Управниот директор на „The Gunn Report Ltd“ од Велика Британија ја објасни студијата на Ган. Во анализата беа опфатени 545 студии на предмети и резултатите едноставно покажуваа дека постои очигледна врска помеѓу креативноста и ефикасноста: „Емотивните кампањи функционираат потешко. Но во секој случај подобро од рационалните или оние кои ги комбинираат и двете. Моќта на емоциите ја зголемува ефикасноста.

Тим Пери, директор за комуникации во истражувањата за Алцхајмер од Велика Британија и Василије Ќорлука, извршен креативен директор во Publicis One Македонија од Македонија, го презентираа проектот Sea Hero Quest и ги открија неверојатните податоци каде 65% од луѓето одговориле на прашањата на „научниот беџ“ и ги споделиле нивните податоци кои им помогнале на научниците во својата работа.

Главниот говорник на „Голден драм“ Синди Галоп, основач и главен извршен директор на IfWeRanTheWorld и MakeLoveNotPorn, застана на фестивалскиот подиум на многу оригинален начин. Таа ја нагласи важноста на жените кои имаат лидерска позиција во рекламната индустија. Таа смета дека жените лидери ќе успеат да и овозможат успех на агенција.

Делегатите ќе имаат исто така шанса да ги видат сите креативни решенија од 26 различни земји кои се натпреваруваат на 23иот Голден драм фестивал.
Повеќе за „Голден Драм“ на www.goldendrum.com