Денеска во Порторож, Словенија започнува еден од најпознатите огласувачки фестивали во регионот Golden Drum по јубилеен 20-ти пат по ред.
Вкупно 1395 проекти од дури 26 земји ќе учествуваат во натпреварувачкиот дел на фестивалот.
Македонските агенции се присутни со 27 проекти, речиси дупло повеќе од минатата година кога учествуваа со 14.
Најдобрите проекти ги очекуваат 16 Гранд При награди, “Golden and Silver Drums“, “Golden Rose“, “Tartini Award“, “Golden Net“, “Brand Grand Prix“, “Virtuoso Awards“ и за прв пат годинава “Golden Watch Award“ која ќе биде доделена на најдобриот и најуспешен Креативен директор на Golden Drum фестивалот.
Годинава на фестивалот во рамки на панел дискусиите и работилниците ќе присуствуваат 30 говорници од врвните компании во креативната и огласувачка индустрија.
Целата програма на Golden Drum 2013 можете да ја видите тука.