Откако Интернетот почека неколку дополнителни часa (кои на многумина им изгледаа како вечност) Nintendo конечно го лансираше Super Mario Run на App Store кој сега е достапен за симнување на следниот линк.
Станува збор за голема зделка за Nintendo, затоа што апликацијата Mario Run го обележува повторното лансирање на компанијата во полето на игрите )сега во полето на игрите за мобилни уреди).
Овој чекор исто така е голем чекор и за Apple за чии уреди е ексклузивен застапник барем во следните неколку месеци. Apple ја претстави играта на својот медиумски настан во септември, а дури успеа да го доведе и креаторот на играта Shigeru Miyamoto на демо- претставувањето на програмата.
Новинарката на Recode Ina Fried оваа недела напиша:
”Apple има безброј причини за да го посакува и да цели кон успехот на Nintendo. За почеток играта се продава по $10 од симнување од кои три долари одат во буџетот на Apple.”
А што е најважно празниците се период кога најголема е продажбата на ајфони а овој пристап ќе обезбеди продажбата оваа година да биде вистински хит помеѓу потрошувачите со оглед на тоа што играта односно апликацијата функционална е засега само за iOS уреди.
Времето единствено ќе покаже дали оваа игра ќе успее да преживее и дали луѓето ќе ја користат подолго од неколку месеци што не беше и случајот на Pokemon Go која имаше бурен почеток но сега се бори да ”преживее.”