Еден од бизнис настаните кои изминатиот месец предизвикаа најголемо внимание во јавноста, секако беше и инвестицискиот самит “Македонија 2025“.
На самитот се дискутираа прилично стратешки теми за развојот на нашата Република, присуствуваа звучни бизнис имиња и очекувано е што ова случување доби и тоа како голем медиумски публицитет.
Во соработка со нашите партнери Press Clipping, Ви ја претставуваме AVE (Advertising Value Equivalency) анализата на самитот “Македонија 2025“.
За AVE анализата и мојот став во однос на нејзината употреба, сум пишувал претходно во текстот – AVE анализа на мобилните оператори во Македонија, па не би се повторувал сега. Само ќе споменам еден добар заклучок на еден мој пријател кој вели “AVE анализата ја отфрлаат на секој самит, а утредента сите ја работат и ја бараат“.
AVE анализа на Самитот Македонија 2025
ВКУПЕН БРОЈ НА ОБЈАВИ ЗА НАСТАНОТ “Македонија 2025“
Од графиконот погоре може да се види дека вкупно за настанот имало дури 432 објави, од кои 79% отпаѓаат на интернет статии, 12% од објавите се во печатени медиуми, 7% се телевизиски прилози и 2% се радио прилози. Во апсолутни бројки може да се прочитаат од самиот графикон.
Кога станува збор за интернет портали кои објавиле најмногу статии за настанот, предничат веб сајтовите на ТВ Сител (24 објави) и ТВ Канал 5 (20 објави), кои се следени и од новинската агенција NetPress (18 објави) и специјализираниот сајт за економски новости Lider (со 16 објави).
Алфа, МТВ 1 и Сител се ТВ куќите кои објавиле најголем број на прилози за самитот (по 7 прилози секоја) а ТВ Телма е телевизијата која најмалку (само еднаш) објавила за овој самит.
Кај радио станиците, за “Македонија 2025“ Македонско радио известило 7 пати а Канал 77 двапати.
Кај печатените весници, “Вечер“ и “Утрински Весник“ биле најагилни во покривањето на настанот објавуваќи по 10 статии, следени од Нова Македонија и Капитал кои објавиле по 9 односно 8 статии.
АVE АНАЛИЗА НА ОБЈАВИТЕ
Цените на медиумскиот простор (печатени медиуми, телевизија, радио, интернет) Press Clipping ги прикажува како аритметичка средина. Тоа значи дека е земен просек на огласниот простор за секој медиум. Цените се во Евра.
Мерна единица во печатените медиуми е cm2, во електронските е секунда.
AVE на интернет објави.
AVE TV
AVE Радио
АVE печатени медиуми
ВКУПНО
ВКУПНА АVE вредност за настанот “Македонија 2025“ направена врз анализа на 423 објави на ТВ, Радио, печатени медиуми и интернет е 246.775 Euro.
Извор на информации – PressClipping, AVE Анализа за настани