За посебно уживање на Денот на вљубените, Фабриката за задоволства “Европа“ го објави лансирањето на нивните нови чоколади со персонализирани пораки.
Специјалните чоколади со модерен дизајн им овозможуваат на купувачите јасно да ја означат причината поради која им ги подаруваат истите на оние кои им значат.
Овие млечни чоколади доаѓаат во пакување од 100 г. и два вкуса – со лешници и со бадеми и претставуваат совршен подарок за љубителите на чоколада за празникот на вљубените но и за секоја пригода.
Истите се достапни во специјализираните продавници на “Европа“ и поголемите маркети како Веро, Тинекс и Рамстор.
Треба ли воопшто причина за да споделите слатко изненадување со пријателите или вашите сакани?
Уживајте со слаткиот вкус на чоколадите на Европа…