Штрајкувачките одбори на „Дневник“, „ Утрински весник“ и на „Вест“ донесоа одлука за зголемување на времетраењето на штрајкот на 8 часа, почнувајќи од понеделник 13 март 2017година, соопшти ССНМ.

„Ова од причини што и по усните ветувања од раководството дека се прават напори за да се исплати јануарската плата до петокот, платата за месец јануари 2017 година не е исплатена и нема никаквов прецизен рок кога тоа ќе се случи, а нема ниту прецизна информација што ќе се случува со компанијата во наредниот период.
Револтот кај вработените е веќе преголем поради влошената економско-социјална положба и игнорантскиот однос на менаџментот. По барањето на мнозинството од вработените штрајкувачките одбори донесоа одлука за радикализација на штрајкот“, се наведува во соопштението.