Home » Во фокусот » Штрајкот на новинарите во МПМ ќе се зголеми на осум часа

Штрајкот на новинарите во МПМ ќе се зголеми на осум часа

Штрајкувачките одбори  на „Дневник“, „ Утрински весник“ и на „Вест“ донесоа одлука за зголемување на времетраењето на штрајкот на 8 часа, почнувајќи од понеделник 13 март 2017година, соопшти ССНМ.

Штрајк МПМ / Фото: МКД.мк

„Ова од причини што и по усните ветувања од раководството дека се прават напори за да се исплати јануарската плата до петокот, платата за месец јануари 2017 година  не е исплатена и нема никаквов прецизен рок кога тоа ќе се случи, а нема ниту прецизна информација што ќе се случува со компанијата во наредниот период.

Револтот кај вработените е веќе преголем поради влошената економско-социјална положба  и игнорантскиот однос на менаџментот. По барањето  на мнозинството од вработените штрајкувачките одбори  донесоа одлука за радикализација на штрајкот“, се наведува во соопштението.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365